fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Денес и утре, сончево и топло-дожд се очекува в понеделник

Максимална температура до 25 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната до 24 степени.

Утре, недела 7 мај, ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност. Живата во термометарот ќе се искачи до 26-от степен. Сепак, во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Поголема нестабилност и пороен дожд и грмежи УХМР најавува за в понеделник, 8 мај. Но, времето претежно ќе биде променливо облачно и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close