Во јануари ќе биде објавен првиот повик за ИПАРД 2 програмата. На располагање се 60 милиони евра европски пари за поддршка на земјоделството и руралниот развој во земјава. Ќе бидат активни три мерки. Едната се однесува на примарните производители, а другата на преработувачите. Со третата мерка пак, ќе се финансираат малите бизниси во руралните средини.
Новина е тоа што во однос ИПАРД 1 програмата кофинансирањето за земјоделските стопанства ќе биде зголемено на 60 %. Додека за малите бизниси во руралните средини поддршката ќе се зголеми на 65 отсто од 50 % во ИПАРД 1.