fbpx
Екологија

Регионален проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан“

Проектот се спроведува во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, со цел да се зголеми количината на собран и рециклиран стаклен отпад во овие земји преку поставување на нови контејнери, и да се мотивираат граѓаните што почесто селективно да го одложуваат стаклениот отпад.

Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), заедно со партнерите ЗЕЛС и „Пакомак“ го започна регионалниот проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан“. Проектот се спроведува во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, со цел да се зголеми количината на собран и рециклиран стаклен отпад во овие земји преку поставување на нови контејнери, и да се мотивираат граѓаните што почесто селективно да го одложуваат стаклениот отпад.

– Во моментов количините на стакло кои од комуналните служби ги собираат оператерите на амбалажен отпад во Србија, Северна Македонија и БиХ се недоволни и под капацитетот на рециклажните погони. Поради тоа стаклото сѐ поретко се носи на рециклирање, додека трошоците за транспорт стануваат поголеми. Така, една од главните цели на овој регионален проект е да се зголеми просечната количина на собран стаклен отпад во сите три држави за околу 20 проценти. Во прашање се пилот општините Штип и Илинден во земјава, Ниш и Сомбор во Србија, Бихаќ и Нови Травник во БиХ, објаснуваат носителите на проектот.https://nezavisen.mk/regionalen-proekt-upravuvanje-so-staklena-ambalazha-na-zapaden-balkan/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close