вестиТоп вести

Предмет: Соопштение – Агенцијата за храна и ветеринарство

Датум: 09.04.2020 година

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за  воведување на заштитни, контролни и дополнителни мерки, со цел контрола и спречување на ширење на вирусот на болеста Њукастел кај живината, која на осми овој месец, од страна на Факултетот за ветеринарна медицина е лабораториски потврдена во одгледувалиште на бројлери во општина Гази Баба. Во одгледувалиштето наложено е убивање и нештетно уништување и на угинатата живина, како и повлекување и уништување на дистрибуираната количина месо од живина кое потекнува од ова  одгледувалиште.

 

Наложено е и отстранување или спроведување на соодветен третман на секоја супстанција или отпад, храна за животни, шталско ѓубре на фармата, кои може да бидат контаминирани.

 

Во одгледувалиштето ќе се спроведе епизотиолошко испитување и утврдување на евентуалната контаминација со овој вирус и на соседните одгледувалишта. Одгледувалиштето, возилата за превоз и опремата, наложено е темелно да се исчистат и дезинфицираат. Нова живина нема да смее да се внесува пред истекот на 21 ден од спроведувањето на мерките за дезинфекција, односно се додека официјален ветеринар не го прогласи одгледувалиштето за слободно од болеста.

 

Контрола и мониторирање од страна на официјалните ветеринари ќе се спроведе и во зоната под надзор која ги опфаќа населените места Петровец, Илинден и Кисела Вода, како и во општините Зелениково и Студеничани, кои со ова решение се дефинирани како зона под ограничување.

 

Болеста не е зооноза, односно не се пренесува и не е опасна за луѓето.

 

 

Со почит,

Агенција за храна и ветеринарство

Слични написи

Back to top button
Close