вести

Преспанските овоштари пред колапс, бараат поголеми субвенции

Иако денеска во долниот дел на Преспа беше прекрасно сончевовреме со чист воздух за кого пекаат урбаните заедници, сепак, објективот нанашата камера долови жална слика со несобрани или испопаѓани јаболка во многуовоштарници, но и илјадници тони на конзумно јаболко што никој не го купувадури и за симболична цена. Педесет и петгодишниот Бујар Зејнели од с. Крани којима австралиски пасош, се врати во родниот крај и се реши заработеното вотуѓина да го вложи во јаболкови насади на 11 ха и во огромен магазин. Меѓутоа,вели дека никако не може да состави крај со крај.

-Двеста и педесет тони производство имам и никако не можам да преживеам. Морам да одам во странство месец дена и да работам, за да преживеам единаесет месеци тука. Годинава е катастрофа, пет денари  се и никој нема да побара јаболка. Ланската година немавме ништо од единаесет хектари немавме ден тон. Годинава имаме 250 тона, ама исто се фаќа како лани и пак немаме ништо – рече  Бујар Зендели, овоштар од с. Крани.

Со големи залихи на конзумнојаболко и пропадната реколта на индустриското јаболко кое скапува воовоштарниците, за да излезат од овој производствено пазарен рашомон, овоштарите бараат помош од Владата. Тие велат дека најдобро е веднаш да се укинатвонредните субвенции за индустриските јаболка од три денари, бидејќи на тиепари се навртија трговците кои им велат, еден денар за килограм достави е, плустри денари од субвенција. Вака, излегува дека мерката како да е натокмена занив и  затоа, подобро е да се зголеми субвенцијата за одржување на овоштарниците на 50. 000 денари по ха.

-Бараме зголемување на субвенциите за одржување по хектар од 39. 000 на 50. 000 денари за да можеме да продолжиме со производството на јаболка и понатаму. Со оваа цена од 8- 10 денари, тешко ќеможеме да преживееме, а да имаме и некаков развој- рече Љубе Пампулевски, претседател на Здружението на овоштари “Благоја Котларовски“ од Ресен.

Во овие околности,  овоштарите бараат прецизни критериуми при апликациите за ИПАРД- програмите, но и исплата на за останатите субвенции од претходните години, како и исплата на ветените пари за измрзнатите насади од пролетта 2016 година.


 

alfa.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close