Привршува откупот на тутунот, ќе се зголемува побарувачката

(Oвој напис е објавен на: January 18, 2018)

otkup

Привршува откупот на туутнот во земјава. Откупени се преку 21 илјада тони со просечна цена од 214,5 денари. Тутунарите задоволни од процената и велат, сега е исплатливо производството. Државата ќе ги поттикнува побарувачката за оваа стратегиска култура и коккурентноста на пазарот…

Прилепските тутунари Жарко Тодороски и Киро Карабелески завршуваат со ланската реколта и тутунот веќе го предадоа за процена на вагите. Родот е квалитетен, се постигнува добра цена. Велат, сега тутутунопроизводството е исплатливо.

Окупот на тутунот во земјава е во завршна фаза. Преземени се 21,5 илјади тони во вредност од 60 милиони евра, со просечна цена од 214,5 денари.

Тутунот е стратегиска култура и од извозот годишно обезбедува 100 милиони евра. Државата настојува да се зголеми побарувачката, но и конкуренцијата на пазарот.  Светската компанија „Бритиш Американ тобако“ преку трговското друштво „Скопје дооел“ е присутна на македонскиот пазар и кон крајот на минатат година инвестираше 13 милиони евра.

Прилепскиот комбинат пет години за стратегиски партнер го има „Филип Морис“ и сега ќе ја зголеми соработката во откупот и во производството на цигари. Владата најави и нов откупувач во земјава, грчката компанија „Мисиријан“ која од март ќе почне да склучува договори.

Сето ова треба да ја зголеми побарувачката за тутун на пазарот, а на тутунарите да им обезбеди повисоки цени и заработувачка.


 

мрт