fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

На Саемот Винска визија ќе може да се проба македонска храна, вино и ракија

Во рамките на манифестацијата на Белградскиот саем се очекува да присуствуваат над 332 излагачи од 22 земји од кои 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 47 излагачи ќе дојдат од Северна Македонија.

Во Белград течат последните подготовки за Првиот меѓународен саем Винска визија Отворен Балкан. Во главниот град на Србија по улиците веќе се веат знамињата на Србија, Северна Македониј и Албанија, чии влади се организатори на оваа голема манифестација, јави дописникот на МИА од Белград.

Српската Влада веќе најави дека од 1 до 4 септември во рамките на Иницијативата Отворен Балкан ќе се одржи оваа голема манифестација, која „ќе ги собере најдобрите производители на виното во регионот и ќе го промовираат Балканот како се повеќе барана винска и туристичка дестинација, што преставува конкретен чекор во остварување на целта на оваа иницијатива, а тоа е заеднички пазар кој подразбира слободен проток на луѓе,стока, капитал и услуги.“

Како што дознава МИА, засега во рамките на манифестацијата на Белградскиот саем се очекува да присуствуваат над 332 излагачи од 22 земји од кои 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 47 излагачи ќе дојдат од Северна Македонија. Покрај земјите-членки на Отворениот Балкан, се очекуваат изложувачи и од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Франција, Чиле, Аргентина, Италија, Романија, Молдавија, Јужна Африка и други земји. Со оглед дека и храната ќе биде во фокусот, како вид традиција, ќе има по пет мастер шефови од Северна Македонија, од Србија и од Албанија, како и специјален гостин изненадување. На манифестацијата ќе има купувачи од ЕУ, САД, Кина и други земји од Истокот. Вкупно 300 метри квадратни, се резервирани за туризмот.

-„Винска визија Отворен Балкан“ свечано ќе биде отврен на 1 септември од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, а за 2 септември планиран е и лидерскиот самит.

Српкиот претседател за Саемот најави присуство и на министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, а се очекуваат и други високи гости.

На Саемот на храна, вино и туризам на Отворен Балкан во Белград од земјава ќе учествуваат 42 винарии и 3 дестилерии, кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии. На Саемот ќе се претстават и повеќе од 10 производители на храна од Северна Македонија кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна. Истовремено, стотици илјади очекувани посетители на Саемот ќе може да дегустираат автентична македонска храна која ќе ја подготвуваат македонски врвни готвачи, изјави вчера премеирот Димитар Ковачевски.

Од македонска страна ќе се презентира и фолклорот, ќе има изработка на бисери и филигран, а на 2 септември во Белград ќе биде организирана и Македонска вечер, чиј домаќин е премиерот Димитар Ковачевски, на која се очекува да присуствуваат 500 гости.

За време на Саемот посетителите ќе имаат можност да посетат различни тематски дефинирани сали, ќе можат да се едуцираат и да научат сè што сакаат да дознаат за историјата и потеклото на виното, процесот на производство, видовите на вино, конзумацијата и да ги вкусат и да купат некои од најубавите вина на Балканскиот регионот и светот.

За време на четиридневниот настан ќе се организира меѓународно оценување на виното „Отворен Балкан-вински трофеј“. Вината ќе ги оценуваат 25 меѓународни вински судии од

целиот свет, а меѓу нив ќе има дури петмина носители на титулата „Master of Wine“ која е најпрестижна титула во светот на виното.

-Србија организираше и го покани Фалстаф, кој е еден од најголемите списанија за промоција на вино во Европа и светот. Тука е и Декантер. Она што го видовме, што се покажа во последните години е дека научивме да правиме доста добро вино. Ајде сега да се обидеме да пробаме да научиме да правиме и добар бизнис од виното, да покажеме дека ова е регион не е регион само на проблеми, дека не е регион што создава проблеми, туку регион што создава решенија, што создава нови можности, пред се нови деловни можности за своите граѓани, изјави Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија (ПКС).

На саемот ќе учествуваат и 44 дестилерии, од кои едната е од Албанија и три од Северна Македонија, а оценка за квалитетот ќе даде седумчлена комисија.https://nezavisen.mk/na-saemot-vinska-vizija-kje-mozhe-da-se-proba-makedonska-hrana-vino-i-rakija/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close