вести

Прокељ и римска брокула-исклучително здрави

Прокељот или кељот папучар (brussel sprout) и римската брокола или пагодата (romanesco broccoli) се исклучително здрави, но недоволно познати меѓу нашето население. Сепак, одгледувачите велат дека нивното време допрва доаѓа поради многубројните придобивки за организмот. Периодот од средината на есента до средината на зимата се смета за мртов во производството поради што тогаш е идеално време за одгледување прокељ и пагода, но и за заработка.

prokelj

Прокељот влегува во фа­ми­­­лијата на зелките (Brassicaceae), кој по својот изглед потсетува на минијатурна главица зелка. Неговото потекло е од Франција, а семињата во Македонија се увезуваат. Од еден корен прокељ се добиваат два килограма род, а еден килограм чини повеќе од 100 денари. Прокељот е култура која се одгледува на умерено топла и влажна клима. Може да вегетира и на минус 10 Целзиусови степени, а отпорен е на температура од минус 15 до минус 20 Целзиусови степени.

Тој е исклучителен извор на витамините Ц, А и К, фолна ки­селина, калиум, манган и на целулоза, а во неговиот карактеристичен вкус уживале и античките народи. Пред 500 години стана популарен на подрачјето на денешна Холандија и Белгија, а денес се одгледува низ целиот свет. Обично е со големина на орев и не е богат со калории, но затоа изобилува со минерали, влакна, растителни протеини и со витамини.

Прокељот го подмладува и чисти организмот, му ја дава потребната енергија и виталност, а помага и при слабеење. Важи за чудесен зеленчук, кој е важен за здравјето.

prokelj1

Медицинските ис­тражувања покажуваат дека прокељот штити од појава на сите видови канцер. Посебно е важен за подигнување на имунитетот. Го чисти организмот од штетни состојки, така што го забрзува празнењето на цревата. Изобилува со лутеин и со заексантин, кои ги чуваат очите. Луѓето што секојдневно консумираат по 300 грама прокељ имаат 37 проценти поголема концентрација на витамин Ц во крвта, покажа најновата австриска студија. Прокељот се препорачува за лица што имаат проблеми со нервниот систем.

Во кулинарството се користи за подготовка на варива, чорби, салати, но најчесто како прилог на пилешко месо и на риба. Не би требало долго да се вари или пржи бидејќи така ги губи важните витамини. Најмногу витамини содржат суровиот прокељ и прокељот готвен на пареа. И со динстување задржува поголем дел од хранливите вредности.

rimska-brokula

Пагодата, исто така, е здрава намирница како и брокулата, но многу малку е позната меѓу луѓето на овој простор. Нејзиниот изглед е во форма на пирамида со светложолта боја. Од еден декар се добиваат 2.400 парчиња пагода, а на пазар едно парче се продава по 50 денари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close