ПРОКРЕДИТ БАНКА ОРГАНИЗИРА АГРО БИЗНИС ФОРУМ

(Oвој напис е објавен на: February 7, 2017)

Агро Бизнис форумот оваа година ќе се одржи на 17 декември во хотелот Александар Палас, додека мотото ќе биде “Модерно во агро”.

3848704bfdccca7ac705d57409ed29d4_L

На настанот ќе бидат соопштени и наградени агро бизниси кои се занимаваат со примарно земјоделство, органско производство и преработка на земјоделски производи кои изминатата година направија значајни инвестиции во модернизација и развој, имплементираа иновативни практики кои се уникатни во Македонија и имаат значајни планови за раст во иднина.

Прокредит банка за наградените обезбедува посета на модерен агро бизнис во странство, каде наградените ќе може да разменат искуства и знаења за нови инвестиции и иновации во нивната бранша.

На форумот Министерoт за земјоделство ќе ги соопшти новите Законски измени кои отвараат нови можности за македонските земјоделци, а ќе се отворат и прашања како заеднички можеме да создадеме препознатлив македонски производ, да бидеме поконкурентни и иновативни.
Настанот е отворен за сите бизнисмени кои се занимаваат со земјоделие, прехранбената индустрија и нивните комплементарни дејност и од настанот гледаат отворена бизнис можност за нова соработка, размена на искуство, следење на трендовите на иновации.

Ваквиот настан е дел од развојната мисија на ПроКредит Банка која е насочена кон поддршка на секторите со висок потеницијал во македонската економија.

ПроКредит банка до сега има наградено над 30 успешни агро бизниси. Минатата година наградените агро бизниси учествуваа на најголемиот саем за земјоделство и храна во Европа – Fruit&Logistika во Берлин.