вестиТоп вести

Првата национална конференција за промовирање на ФАДН Стандардни резултати, во организација на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Во рамките на Твининг проектот „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН)“  се одржа Првата национална конференција за промовирање на ФАДН Стандардни резултати, во организација на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Република Северна Македонија собира податоци за ФАДН уште од 2010 година и оттогаш се вложени големи напори за подобрување на системот за прибирање на податоци и на квалитетот на податоците.

Главната цел на оваа Конференцијата е да се даде поголема видливост на ФАДН Проектот, пошироката јавност да се запознае со употребата и придобивките од ФАДН за македонското земјоделство. Овој систем претставува инструмент за проценка на приходот на земјоделските стопанства и влијанијата на Националната земјоделска политика во Република Северна Македонија.

Активното учество на земјоделците во ФАДН е од суштинско значење за понатамошниот развој на системот и за проширување на употребата на ФАДН податоците во Македонскиот земјоделски сектор.

“ФАДН е една од клучните алатки за развој и проценка на Заедничката земјоделска политика затоа ваквите проекти подржани од Европската Унија се од огромно значење за понатамошниот развој на секторот земјоделство во Република Северна Македонија”, изјави Јован Стојановски, посебен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Слични написи

Back to top button
Close