fbpx
ВестиДвор и градинаЕкологијаМакедонијаТоп вести

Едноставо и брзо до ТРЕВНИК за еден ден

Природна бусен трева или природна тепих трева е новиот производ што битолската фирма СКИПИ ДООЕЛ ја нуди на македонскиот пазар. Станува збор за производ чиј краен резултат е здрава и чиста животна средина.

До овој производ СКИПИ ДООЕЛ БИТОЛА дојде по неколкугодишни истражувања и анализи. На основната дејност градежништво  во сектор нискоградба, изведба, надзор и проектирање на објекти од втора категорија и услуги со градежни машини, додадена е уште една активност, аплицирање на тревник. Како што велат идејата за овој проект произлезе  од секојдневно работење на терен при изведбата на објекти кои се во домен на фирмата.

-Тековно по завршување на било кој објект, откако ќе се повлече нашата механизација и се исчисти градилиштето од градежен шут, останува површина која ако не е паркинг, пешачка патека или улица, истата останува несредена, односно изведбата на зелените површини речиси никогаш не ја прати динамиката на изведените објекти. Тоа резултира со секојдневие каде во урбаните средини, било да е ново јадро или објект во старо градско јадро, наместо тревни имаме површини со земја и ѓубре кои остануваат такви долг временски период и се претвораат во депонии кои претставуваат закана по чистата човекова околина, вели директорот Борче Симјановски. Проблемот кој сакаме да го решиме  е воспоставување на нова практика на третирање и однос кон зелените површини во секторот градежништво. Колку што е важна навремената и квалитетна изведба на објектите, исто толку е важно и навремено и квалитетно третирање на зелените зони. Освен што декоративно ја разубавуваат околината, тревните површини даваат бенефит и од санитарно-хигиенски аспект (ублажување на температурни екстреми, намалување на рефлексија-зрачење, пригушување на бучава, консолидација на теренот – заштита од ерозија), еколошки аспект (глобалните заложби за чиста животна средина и зелена планета), додава тој.

         

Двегодишното  искуство во однос на аплицирањето на самата бусен трева кај крајните потрошувачи е нивното воодушевување од крајниот ефект. Самата постапка на поставување тревник на било која површина е едноставна, а крајниот резултат е оплемент простор. Ако се направи споредба на тревник формиран со сеење и тревник со природна бусена трева може да се видат  предностите  според кои секој може да донесе одлука за поставување на тревник со бусена трева.

Тревник  формиран со сеење

Неколку месеци од сеење  на семе до готов тревник , резултатот од сеењето е неизвесен, редовна појава на коров и други растенија, отежнато сеење на коси површини, користење на тревникот после 3-5месеци, тешко се врши санација на оштетени делови.

   

Тревник формиран со природна бусен трева

10 дена од апликација на бусен трева до готов  тревник, резултатот кај бусен трева е сигурен, потполна густина по цела површина на тревникот, нема коров и други несакани растенија, лесно аплицирање на косини и други специфични површини, користење на тревникот веднаш, лесна и едноставна санација.

   

Бусената трева е производ  за кој се грижи специјализиран тим кој со посебни агротехнички мерки ја  одгледува на површини со кои располага СКИПИ.

     

Висока стручна подготвеност и способност, оперативна и техничка професионалност и одговорност во работата –се основните принципи и начела врз кои се темели и функционира работењето на СКИПИ ДООЕЛ БИТОЛА.

Може да се исконтактираат на тел. 047/550 425 или 071/626 722.

 

П.Ј.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close