fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Жителите побараа, Владата го обновува патот Сопотница – Железнец

Инвестицијата е со вкупна вредност од 127 милиони денари, а се реализира во соработка со ЈП за државни патишта и ЈП за одржување на регионалните и магистрални патишта.

Тоа што пред неколку месеци го ветивме со директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, денеска се реализира. Започнавме со рехабилитација на патниот правец од Сопотница до Железнец, барање на жителите од ова демирхисарско село, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при увид во реконструкција на делницата Сопотница – Железнец, дел од регионалниот пат Битола – Кичево.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, инвестицијата е со вкупна вредност од 127 милиони денари, а се реализира во соработка со ЈП за државни патишта и ЈП за одржување на регионалните и магистрални патишта.

„Дадовме збор пред граѓаните и драго ми е што денеска сме повторно тука во Сопотница да извршиме увид на овој толку важен патен правец за жителите на општина Демир Хисар. Во овој момент се поставува нов асфалт, така како што им ветивме на жителите, очекуваме оваа градежна сезона да продолжиме со рехабилитација и на другите патни правци предвидени во годинешната програма“, рече Бочварски.

Директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, Костадин Ацевски посочи дека активностите на терен се одвиваат според договореното со жителите од Сопотница, истакнувајќи дека со рехабилитацијата на овој пат ќе се овозможи побезбеден сообраќај на оваа делница, како и подобри услови за мештаните.

„За Демир Хисар и за жителите од Сопотница ова е од огромно значење за локалниот живот“, потенцираше Марија Кочовска, пратеник во Собранието. Таа истакна дека оваа реконструкција се прави прв пат после 1976 година, стои во соопштението од Министерството за транспорт.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close