fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Растат платите ама и трошоците

Но колку и да пораснале платите, ниту две минимални не се доволни да се покријат месечните трошоци.

Платите статистички растат побрзо во споредба со трошоците за живот, но колку тоа е реално? И минималната и просечната плата во изминатите 4 години пораснале за околу 5000 денари, а потрошувачката кошничка поскапела за 2000 денари. Но колку и да пораснале платите, ниту две минимални не се доволни да се покријат месечните трошоци, анализира Радио слободна Европа.

За околу 5000 денари пораснала и минималната и просечната плата во земјава откако СДСМ е на власт, од крајот на април 2017-та. Оттогаш, пак, потрошувачката кошничка, што ја мери Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) се зголемила за 2100 денари, од кои само во последната година е порасната за повеќе од 800 денари. Во тој период од четири години трошоците за живот, според Завод за статистика, пораснале за 8,5 отсто, односно ако пред четири нешто чинело 1000 денари, сега за истото ќе треба да платите 1085 денари. Но, колку и да пораснале платите, ниту две минимални плати не се доволни за да се покрие месечната потрошувачка кошничка. Најголем дел од потрошувачката кошничка, над 70 отсто оди за храна и пијалоци и за домување, останатото се троши на хигиена, превоз, обувки и облека, и сосема мал дел за култура и за одржување на здравјето.

Според податоците што ги објавува Државниот завод за статистика, најмногу поскапел зеленчукот – 15,8 проценти, а минимално поскапеле и сирењето, месото, лебот, млекото.

Од ССМ сметаат дека е оправдано нивното барање минималната плата да биде најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата, бидејќи две минимални плати не се доволни за да ја покријат синдикалната минимална кошница.

„Ако со ваков интензитет продолжи зголемувањето на трошоците на живот и цени тогаш ниту три минимални плати не би биле доволни да го достигнат растот на Синдикалната минимална кошница. Ако само просечната плата расте, а минималната плата стагнира, односно минимално се усогласува без да бидат прифатени забелешките на синдикатите, ќе имаме тренд на осиромашување на граѓаните“, предупредуваат од ССМ.

Професор Марјан Петрески од Американ колеџ за РСЕ вели дека кога се зборува за растот на платите, обично се гледа само просекот, кој несомнено порасна значајно во последните години. Во 2020 и до денес, платите пораснаа во сред пандемија, што е на прв поглед парадоксално, меѓутоа има соодветно објаснување, вели тој.

„Прво, изгубените работни места, околу 15.000 беа претежно нископлатени, па нивното отсуство од дистрибуцијата на платите прави просекот да се зголеми. Второ, на почетокот од 2020 започна мерката за субвенции на придонеси на плати, за раст на платите во рангот од 600 до 6000 денари, што имаше цел да стимулира формализација на дел од платите кој се исплаќал во плико, но и да стимулира општ пораст. Трето, во пандемијата имаше дејности, како ИТ и финансии, кои мошне добро котираа и остварија значаен пораст на нивната додадена вредност, па платите таму растеа со многу солидна динамика“, вели Петрески.

Од друга страна, вели Петрески во тек на летото, има раст на ценети на прозиводите, а за некои производи растот започна и нешто порано. Тоа се должи на моментална неврамнотеженост помеѓу понудата и побарувачката кај повеќе стоки, што беше детерминирано од пандемијата. Кога попуштија стегите од пандемијата, побарувачката се зголеми несразмерно во однос на постојната понуда. Оттука, очекувам дека во разумен рок овие нерамнотежи ќе се испеглаат“, вели Петрески.https://www.slobodnaevropa.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close