вестиМакедонијаРурален туризамТоп вести

Реконструкција на патниот правец Новаци  – Маково

Со инвестиција вредна 11 милиони денари се реконструира патниот правец Новаци - Маково во должина од 2,5 км

 

Јавното претпријатие за државни патишта  започна со рехабилитација на регионалниот пат Новаци –Маково во должина од 2.5км. Вкупната вредност на инвестицијата е 11 милиони денари. Како што информираат од општина Новаци, средствата се   обезбедени од Влада на Република Северна Македонија преку Јавното претпријатие за државни патишта. Изведувач на градежните активности е ЈП Македонија пат .

-Рехабилитацијата се состои од надградба на коловоз во деловите од регионалниот пат кој е најоштетен и ќе се одвива во две фази .Првата фаза е веќе во тек  а со втората фаза ќе се продолжи во наредната година.

Со завршување на првата фаза во текот на месец Ноември градежните активности ќе продолжат со рехабилитација на патниот правец  Бач-Гермијан –Кременица.

Со рехабилитацијата на овие два патни правци ќе се обезбеди нормално и безбедно одвивање на сообраќајот како и квалитетна патна инфраструктура, велат од општина Новаци.

Реконструкцијата на овие патни правци е од големо значење за поврзување на Битола и Новаци со Мариово. Со ова ќе се овозможи враќање на иселеното население од овој крај во своите родни огништа и развој на рурален туризам. Вложувањето во патната инфраструктура се дел од заложбите на општина Новаци во подобрување на условите за живот во селата од оваа општина.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close