fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Зоран Пачешкоски е новиот директор на „Тутунски комбинат“ Прилеп

Зоран Пачешкоски и е познат на јавноста и по тоа што е претседател на општинската организација на СДСМ Прилеп. 

Прилепскиот Тутунски комбинат ќе има нов генерален извршен директор. Станува збор за Зоран Пачешкоски од Прилеп, кој е дипломиран економист. Одборот на директори на компанијата ќе добие уште еден извршен член, а тој е Гоце Котески од Прилеп, магистер по економски науки.

За оваа ценовно чувствителна информација компанијата ги извести инвеститорите преку Македонската берза.

„Врз основа на член 97 и член 98 од Статутот на Тутунски комбинат АД Прилеп, Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп за извршни членови во Одборот на директори ги избра следните членови: Зоран Пачешкоски од Прилеп, дипломиран економист и Гоце Котески од Прилеп, магистер по економски науки.

Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп за Генерален извршен директор на Тутунски комбинат АД Прилеп го избра Зоран Пачешкоски од Прилеп“, се вели во објавата од Одборот на директори до Македонската берза.

Инаку, Зоран Пачешкоски и е познат на јавноста и по тоа што е претседател на општинската организација на СДСМ Прилеп. https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close