fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Роботи земјоделци тргнуваат во акција! Иднината е во вертикалното производство, кое ќе биде во затворен систем

Професорката Фиданка Трајкова вели дека на обработливо земјиште не треба да се поставуваат фотоволтаици, затоа што потребата за храна кај нас е во пораст и мора да има површини на кои ќе се одгледува.

Македонија, сега-засега, има доволно површини земјоделско земјиште за да се прехрани населението, но и да се произведе за извоз. Но, таа плодна почва континуирано се узурпира и се намалува на сметка на ширењето на градовите и на селата, како и на новоподигнатите индустриски капацитети, а во последниов период и на поставувањето фотоволтаични панели.  

Токму ова последново ја загрижува професорката Фиданка Трајкова. Таа вели дека на обработливо земјиште не треба да се поставуваат фотоволтаици, затоа што потребата за храна кај нас е во пораст и мора да има површини на кои ќе се одгледува.

– Јас сум струмичанка и потекнувам од земјоделско семејство, кое со генерации го обработувало земјиштето. Од Струмица до границата со Бугарија, едно време имаше засадено ниви. Сега, и од источната и од западната страна, целиот пат е со фирми. А, тоа е квалитетно обработливо земјиште – истакна Трајкова на работилницата за медиумите поддржана и организирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). 

Според неа, Македонија има плодна почва, има вода и сонце, тоа се нашите благодати и тие не смеат да се остават така неискористени. Таа е загрижена што цели предели и на истокот и на западот на државава се опустошени, бидејќи нема кој да го обработува земјиштето поради заминување на населението во странство.

Затоа, смета Трајкова, потребата за храна мора да се задоволи, поради што науката е во постојана потрага по начини до поголеми приноси, а иднината е во примената на „паметното земјоделство“, кое се базира на дигиталните технологии.

– Јас им велам на моите студенти, вие го имате најважното занимање. И ИТ-инженери и инфлуенсери, кога ќе станат, мора да јадат. Затоа мора постојано да се произведува храна, а иднината е во вертикалното производство, кое ќе биде во затворен систем, каде што сè ќе биде контролирано. Дигитално земјоделство во буквална смисла на зборот не е можно, мора нешто да се насади и собере, но може да има сензори за светлина, за топлина, да има прецизно наводнување. Тоа е таканаречено паметно земјоделство – потенцира професорката Трајкова.

Населението во светот расте со значителна брзина и се предвидува дека ќе достигне речиси 10 милијарди луѓе во 2050 година. Земјоделството е клучниот сектор за обезбедување храна за потребите на населението и служи во функција на општ развој и стабилност на земјите. Дали има доволно храна во светот? Повикувајќи се на последните податоци на ФАО што се однесуваат за 2020 година, скоро 690 милиони луѓе или 8,9% од светската популација биле гладни. Тоа е пораст на гладните за 10 милиони луѓе за една година и за речиси 60 милиони за пет години.

– Во 2019 година, близу 750 милиони луѓе, или скоро секој десетти човек во светот, биле изложени на сериозни нивоа на несигурност за достапност на храната. Околу две милијарди луѓе во светот немаа редовен пристап до безбедна, нутритивна и доволно храна во 2019 година – истакна Трајкова.

Таа нагласува дека пандемијата со ковид-19 може да додаде меѓу 83 и 132 милиони луѓе на вкупниот број недоволно исхранети во светот во 2020 година, во зависност од сценариото за економски раст.

Исто така, Трајкова презентираше и официјални податоци според кои во 2001 година во светот имало 48,7 милиони квадратни километри земјоделска површина, а во 2020 година таа изнесувала 47,4 милиони квадратни километри или 1,3 милиони помалку. Тоа се должи на узурпирањето на површината поради растот на бројот на населението, кое во 2000 година било 6,1 милијарда луѓе, а последните податоци покажуваат дека на планетава живеат 7,98 милијарди луѓе.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close