fbpx
ВестиТоп вести

Романците воведуваат данок на сокови за да го спречат дебелеењето на луѓето

Романија во вторникот објави дека планира да воведе данок на слатките безалкохолни пијалаци во борбата против дебелината, следејќи ги постапките на другите европски земји

„Овој данок е насочен кон обесхрабрување на потрошувачката на слатки пијалаци и зголемување на јавните приходи што би можеле да бидат потрошени за здравство и образование. Епидемијата на дебелина во ЕУ е огромен товар за здравствените системи“, соопшти романското Министерство за финансии.

Романското здружение на производителите на безалкохолни пијалаци го осуди данокот како „дискриминаторски“ и рече дека ќе му наштети на секторот, кој има околу 60.000 работни места.


 

makfax.com.mk

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close