fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Утрово -3 најстудено во Берово, преку денот сончево со мала до умерена облачност

Какво време не очекува за Новата година!

31.12.2022 МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-3 Берово, -2 Струмица, Прилеп, -1 Битола, Виница, 0 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, 1 Скопје-Петровец, Претор, Штип, Лазарополе, Попова Шапка, 2 Тетово, Гевгелија, Куманово, Охрид, 3 Маврови Анови, Крушево, Дебар, 4 Демир Капија, Дојран.
Претпладне по одделни котлини и вдолж Повардарието со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот претежно сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне 10 степени.
Можно е да е слика од текст кој вели „ден недела (01.01) понеделник (02.01) време вторник (03.01) среда (04.01) Bemep четврток (05.01) променлив променлив 3 до 5 мин.тем. (C) мак.тем. (°C) до 5 10 17 10 до 18 до 10 до 17 2 1о 6 9 до 16 8 15“
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет и пониски дневни температури. Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.
За време на новогодишната ноќ времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close