fbpx
ВестиМакедонија

Рударството и земјоделието се најдоа на крстосница

Време е за нови херои за заштита на животната средина и нов економски развој

Рударството и земјоделието се најдоа на крстосница, но, ако се инвестира во двете, економските параметри, науката и експертите недвојбено укажуваат дека тоа е најдобриот избор за брз економски раст во државата. Впрочем рударството и бенефитите од него не се новина во Македонија.

Автор: Д-р. Живко Груевски

Бесмисленото брендирање на новите инвестиции како извори на смрт во услови кога не само македонската, туку и глобалната економија се дави во рецесија предизвикана од Ковид – 19 пандемијата, покажува дека е време за нови херои за заштита на животната средина. Индивидуалци, здруженија и компании кои во своите настапи се аргументирани, со факти и  бескомпромисно се залагаат за почитување на правилата и законите за заштита на животната средина. Тие се залагаат да се користат бенефитите што ги носат индустриите, но со контрола. Затоа што знаат дека повеќето индустрии се опасни по животната средина само доколку инвеститорот го крши законот, доколку не се придржува кон примената на мерките за заштита на животната средина или доколку институциите му прогледуваат низ прстите…. Оваа опасност се наметнува од бројни индустрии, не само од рударството.

Рударството и земјоделството се најдоа на крстосница. Стихијно, без идеја каде треба да оди едното, а каде се движи другото. Но, ако се инвестира во двете, економските параметри, науката и експертите недвојбено укажуваат дека тоа е најдобриот избор за брз економски раст во државата. Впрочем рударството не е новина во Македонија. Онаму каде веќе има рудници, населението покажува голема доверба и поддршка, а и државните институции отворено ги поддржуваат овие индустриски капацитети.

Сепак, стравот и недовербата предизвикани од една малцинска група активисти, иако неосновани се наметнаа како пресудни за судбината на новите рударски проекти.

„Аман не не браните, ве молиме!“, е очајнички крик на мнозинството жители во струмичкиот регион до творците на моронската парола „Рудник на Смртта“. Бараат од овие кои глумат загрижени еко-активисти, да не зборуваат во нивно име и да не им го одземаат неприкосновеното индивидуално право на личен избор за нивната иднина. Затоа што се свесни дека мега-инвестицијата во Рударскиот Комплекс за Бакар “Иловица-Штука“, е реална можност за подобар и посреќен ЖИВОТ – СЕГА И ВЕДНАШ!

Впрочем, интелигенцијата може да се измери, но глупоста не! За жал светот, сẻ уште, не измислил вакцина против глупост!

Разорните економски последици од Ковид-19 пандемијата, брутално нẻ убедија дека „ѓаволот ја однел шегата“ и дека е крајно време сите да се запрашаме – со кое право неколкумина запенавени, во континуитет, неаргументирано го демонизираат Проектот и сакаат на своите сограѓани да им го одземат правото на сопствен избор за подостоинствен и посреќен ЖИВОТ?! Каде е нивното чувство на одговорност за последиците доколку насилно ја истераме и ја изгубиме оваа најголема странска инвестиција од нашата држава!? Кој ќе ја понесе одговорноста за неизбежниот нов и засилен бран од економски мотивирана миграција на младите генерации!? Со што ќе се спротивставиме на разорните ефекти на рецесијата и застојот во економскиот развој!? Дали се живее од нивните манипулативни пароли „Рудник на Смртта“ и дали тоа ќе помогне да го спречи целосното руинирање на имиџот на нашата држава како атрактивна инвестициска дестинација во Европа!? Кој ќе го преземе ризикот за огромните финансиски штети кои, по веќе се поизвесната меѓународна арбитража, СИТЕ НИЕ заедно со нашите следни поколенија ќе мора да ги отплаќаме!?https://denesen.mk/vreme-e-za-novi-heroi-za-zashtita-na-zivotnata-sredina-i-nov-ekonomski-razvoj/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close