fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Рукола

Руколата најчесто се користи како салата или како компонента во мешаните салати за подобрување на аромата и вусот. Посебно може да се користи како салата во медитеранските подрачја, припремена со маслиново масло, киселина, пармезан или моцарела сирење. Понекогаш руколата може да се припрема зготвена или бланширана со што во ваквиот случај таа ја губи својата горчина.

Руколата е едноставо зелјесто растение од семејството Brasiccaeae. На нашите трпези не е толку присутна иако таа расти по нашите бавчи или полиња како коровско растение. Руколата спаѓа во групата на лиснат зеленчук, во исхраната се користи листот, а понекогаш и цветот. Во времето на цветање на културата, руколата може да нарасне и до 60-80 cm.

Листовите на растението се елиптични, кај дивите форми се повеќе, а кај питомите имаат помалку лисја. Листот на руколата има облик на ракета , затоа во англиското говорно подрачје, називот на овој заленчук уште се условува и како ракета (Rocket).Листовите во основата на стреблото формираат розета. Цветовите се ситни и по градбата се слични на зелката- бледобели или бледоруменасти.

Руколата потекнува од Централана и Јужна Европа , но е исто така многу раширена и по Северна Африка, Северна Америка и Блискиот Исток. Руколата претставува исклучително здраво и квалитетно и лековито растение, кое содржи доста витамин С (100-200 mg/100g), минерални материи (особено е богата со железо), богата е со растителни влакна и други корисни материи. Сите видови на рукола имаат горчлив и ароматичен вкус.

Руколата е култура со скромни потреби за топлина и светлина и е високоотпорна на мраз, затоа може да се произведува практично во текот на целата година. Оваа билка, најдобро успева на лесни песокливи и средно-тешки почви , на места со добра осветленост, може да успее на полузасенчени почви а и на ветровите терени. Одгледувањето на руколата е многу лесно и брзо се обезбедува постигнување на бербата за околу 40 дена од садењето. Таа е култура која нема сериозни проблеми и е отпорна на болести и штетници.

Обработката на земјиштето за руколата е слично како и за другите лиснати зеленчуци. Основната обработка се изведува на длабочина од 20 см со претходна квалитетна површинска припрема, затоа што руколата исклучиво се произведува од семе,а семето е многу ситно (масата на 1000 семенки е 1.5 g). Се ѓубри со 60-80 kg азот, 60-80 kg фосфор и 100-120 калиум по хектар.

Садењето на руколата може да почне рано во пролет, обично во март и може да биде суксецивно, секоја недела да се сее до месец октомври, така што листовите може да се берат во текот на зимата. Само во случаи на многу силна и студена зима треба да се обезбеди некоја мала заштита на посевите се со цел одржување на културата. Се сее на растојание на редови од 25 цм во ред со ширина од 3-5 см, со што се троши 1.5-2 кг семе по хектар.

Од мерките за одржување потребно е само да се полива и да се чисти од треба и коров. Се бере кога е формирана розетата на листовите при што се берат листовите. Приносот е 20-25 t/ha рукола.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Слични написи

Back to top button
Close