fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Саем на македонската традиционална храна под наслов „Домашно, природно, вкусно“

Во Скопје City Mall на првиот кат, ќе се одржи Саем на македонската традиционална храна под наслов „Домашно, природно, вкусно“. Саемот ќе биде отворен за посетители од 10 часот наутро до 22 часот навечер.

На 16.12.2023 година (сабота), во Скопје City Mall на првиот кат, ќе се
одржи Саем на македонската традиционална храна под наслов „Домашно,
природно, вкусно“. Саемот ќе биде отворен за посетители од 10 часот
наутро до 22 часот навечер.
На овој Саем, ќе имате прекрасна можност да го искусите најдоброто од
домашно произведените продукти, изложени од нашите рурални жени, млади
земјоделци и лица со попречености. Оваа иницијатива е во организација на
Националната федерација на фармери и Скопје City Mall, поддржана од
проектот “Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент
на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи”.
Проектот се реализира со поддршка на Германското друштво за меѓународна
соработка GIZ, во рамките на проектот “Поддршка на диверзификацијата на
економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа
(SEDRA II)”.
Саемот не е само прилика да уживате во вкусната македонска традиционална
храна, туку и можност за образование и поддршка. На 20 штандови ќе бидат
изложени најразновидни производи како што се лутеници, ајвар, природни
сокови, путери, мармалади, маџун, мед, домашна храна, ракотворби и
домашно произведена козметика.
Во рамките на овој настан, ќе се одржи и работилница со наслов “И ние,
лицата со попреченост, имаме право на еднаквост и пристап до сите услуги
и можности”. Целта на работилницата е да ја подигне свеста за
предизвиците што ги искусуваат лицата со попреченост од руралните
средини и да ги промовира правата и благосостојбата на овие лица во
нашето општество.
Националната федерација на фармери работи активно со маргинализираните
групи, и преку овој настан се обидуваме да ја зголемиме свеста за
предности што произлегуваат од интеграцијата на лицата со попреченост,
младите и жените од руралните средини во социјалниот и економскиот
живот. Оваа иницијатива е шанса да заеднички создадеме позитивни
промени.
Ве покануваме да бидете дел од овој настан, да го поддржите
традиционалното и вкусното, и воедно да испратиме заедничка порака
послание за еднаквост и интеграција.
Со почит
Национална федерација на фармери
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close