СДСМ: Власта ги извиси земјоделците, во време на СДСМ откупната цена на ајварката беше 50 денари
Од СДСМ веласт дека договорената цена што Серафимовски сака да ја прикаже како некаков успех е далеку од исплатлива и далеку од откупната цена на пиперката ајварката во 2022 и 2023. „Во време на Владата на СДСМ, црвената пиперка ајварка, во период на пост ковид криза и енергетска криза се откупуваше по 45 денари во 2022 година и 50 денари за килограм во 2023 година“, посочуваат од СДСМ. Во реакцијата се додава дека земјоделците не бараат милостина, туку фер цена за својот труд, какои дека денес, кога се е поскапено, од репроматеријали, ѓубрива, работна рака и сите останати трошоци за производство, земјоделците заслужуваат да имаат откупни цени со кои ќе имаат исплатливо производство.
Власта на Мицкоски ги извиси и ги изманипулира земјоделците производители на црвена пиперка. Наместо откупна цена која ќе им обезбеди исплатливо производство, министерот за земјоделство Борче Серафимовски, на земјоделците им нуди милостина, се наведува во соопштението на СДСМ.
Од СДСМ велат дека договорената цена што Серафимовски сака да ја прикаже како некаков успех е далеку од исплатлива и далеку од откупната цена на пиперката ајварката во 2022 и 2023.
„Во време на Владата на СДСМ, црвената пиперка ајварка, во период на пост ковид криза и енергетска криза се откупуваше по 45 денари во 2022 година и 50 денари за килограм во 2023 година“, посочуваат од СДСМ.
Во реакцијата се додава дека земјоделците не бараат милостина, туку фер цена за својот труд, какои дека денес, кога се е поскапено, од репроматеријали, ѓубрива, работна рака и сите останати трошоци за производство, земјоделците заслужуваат да имаат откупни цени со кои ќе имаат исплатливо производство.




