fbpx
ВестиМакедонија

Месната индустрија бара со петтиот пакет мерки да се вратат картичките „Купувам домашно“

Владата со петтиот пакет антикризни мерки да ги врати картичките “Купувај домашно“ за граѓаните државната помош да ја трошат на домашни производи – бара Групацијата за месо при Стопанската комора.

Владата со петтиот пакет антикризни мерки да ги врати картичките “Купувај домашно“ за граѓаните државната помош да ја трошат на домашни производи – бара Групацијата за месо при Стопанската комора. Велат четвртиот пакет мерки не ги дал очекуваните ефекти, оти помошта граѓаните можеа да ја трошат за што сакаат. Алармираат дека тоа ќе се случи и со петтиот пакет ако парите не се насочат правилно.

УКАЖУВАМЕ ДЕКА ПРВИТЕ МЕРКИ, ИАКО ПОМАЛИ, НЕЛИ БЕА ПРВИЧНИ, БЕА ПОДОБРИ И ПОЕФИКАСНИ  И ИМ ПОМОГНАА ДАЛЕКУ ПОВЕЌЕ НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ, ПРЕД СЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОМАШНАТА ПОТРОШУВАЧКА КАКО РЕЗУЛТАТ НА ПРАВИЛНОТО НАСОЧУВАЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО КОН ПОТРОШУВАЧКАТА НА ДОМАШНИТЕ ПРОИЗВОДИ. ЗА РАЗЛИКА ОД ПРЕТХОДНАТА ЧЕТВРТА МЕРКА,ВООПШТО НЕ ДАДЕ РЕЗУЛТАТИ И ПОКРАЈ ПОТРОШЕНИТЕ ЗНАЧИТЕЛНИ СРЕДСТВА ЗА ТАА НАМЕНА.

Граѓаните се помалку купуваат месо, преработки од месо и сувомеснати производи. Од Групацијата  велат тоа се должи на падот на куповната моќ на населението. Ковид –кризата пак со тоа што не работеа хотелите и рестораните предизвикала пред време вишоци на свежо свинско месо.

ОВАА ГОДИНА ТОЈ ПРОБЛЕМ ДОЈДЕ МАЛКУ ПОРАНО. КАКО ШТО КАЖА КОЛЕГАТА Е РЕЗУЛТАТ ВЕЌЕ И НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД МИНАТАТА ГОДИНА И ОД КОВИД, НЕРАБОТЕЊЕ НА ХОТЕЛИ И РЕСТОРАНИ, КАФЕАНИ, НАМАЛЕНА ПОТРОШУВАЧКА СИТЕ СЕДАТ ДОМА И ВЕЌЕ ДОЈДЕ ДО БЛАГО НАРУШУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ И ДО ПОЈАВА НА ТОЈ ВИШОК ПРЕД ВРЕМЕ-

Ковид – кризата донела пад во прехрамбената индустрија од 20 проценти. Од Комората апелираат на помош од Владата- да ја стимулира домашната потрошувачка. Петтиот сет мерки пак се уште не е готов. Денеска беше на разгледување пред работодавачите и синдикатите на Економско-социјалниот совет.https://telma.com.mk/2021/02/01/%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D1%83%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close