fbpx
ВестиТоп вести

Преполовени нивоата на повеќето реки низ земјава

 

 

Трипати пониско од просекот за јули е нивото на реката Сатеска кај Ботун, а преполовени се и нивоата на реките Вардар кај Јегуновце и Велес, Треска кај Македонски Брод, Лепенец кај Скопје, Крива Река кај Крива Паланка, како и на Бабуна кај Богомила.

Според денешните хидролошки мерења, околу просекот се Црна Река кај Новаци, Пчиња кај Катлановска Бања и Вардар кај Скопје.

Зголемени нивоа бележат Брегалница кај Штип и Вардар кај Демир Капија.

Промени на нивоата кај езерата, Охридско, Преспанско и Дојранско, нема. Сите се во рамки на јулскиот просек.

 

Извор:24инфо.мк

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close