ВестиАгро бизнисМакедонијаТоп вести

Серафимовски вели – Сите започнати политики и развојни проекти што се во интерес на земјоделците ќе продолжат

Пред нас е следната развојна фаза која е насочена кон поголемо и поквалитетно домашно производство, сигурен пласман, модерни земјоделски стопанства и одговорно управување со шумите и водните ресурси. Резултатите ќе ги мериме според тоа што реално го добива македонскиот земјоделец. Продолжуваме посветено, одговорно и со уште посилно темпо, објави Серафимовски.

Новиот министер за земјоделие Борче Серафимовски по преземањето на функцијата објави – Од денес ја преземам одговорноста да го предводам Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Му благодарам на Трипуновски за досегашната работа, посветеноста и придонесот во стабилизирањето на секторот. Сите започнати политики и развојни проекти што се во интерес на земјоделците ќе продолжат без застој.
Пред нас е следната развојна фаза која е насочена кон поголемо и поквалитетно домашно производство, сигурен пласман, модерни земјоделски стопанства и одговорно управување со шумите и водните ресурси.
Резултатите ќе ги мериме според тоа што реално го добива македонскиот земјоделец.
Продолжуваме посветено, одговорно и со уште посилно темпо, објави Серафимовски.

Поврзани новости

Back to top button