fbpx
Без категорија

Штети на стрните жита во текот на зимата

shteti na strnite zhita vo tekot na zimata

Во зависност од климатските услови, во текот на зимата, стрните жита можат да претрпат низа штети, како што се: измрзнување, задушување, истегнување (кинење) на растенијата и др. Сите овие појави ги оштетуваат културите. Измрзнувањето е појава, која се јавува како последица од директното дејство на мразот. При тоа растението може да замрзне или да измрзне. Замрзнатите растенија при постепено одмрзнување остануваат неповредени. Меѓутоа измрзнувањето настанува на многу ниска температура и доаѓа до изумирање на клетките во растението. Измрзнувањето е честа појава во области или години со безснежни зими или со мал снежен покривач. Измрзнатите растенија во текот на зимата обично ја задржуваат нормалната боја. Тие лесно се истргнуваат од почвата. Ако надземната маса е овената а растенијата тешко се кубат од почвата, може да значи дека не е уништено целото растение. Основно при оценката на измрзнувањето на растението е состојбата на коленцето на братење. Доколку тоа има бела боја, растението е во состојба да регенерира, но црвенокафеавата боја укажува дека растението угинало. Промената на бојата на измрзнатите растенија се забележува по затоплувањето на времето, кога тие почнуваат да пожолтуваат и венеат.

Житариците најотпорни се на ниски температури во фаза на братење и кога се добро калени. Отпорноста на житариците исто така најмногу зависи од видот како и од сортата. Најотпорни се пченицата, ржта и тритикалето, помалку отпорен е јачменот и овезот. Така кај пченицата набабреното зрно, започнато да рти издржува температура од -6 до -13о С. По никнењето кога е со лист помал од 2 см, пченицата е најосетлива на ниски температури. Со растењето на лисјата отпорноста се зголемува. Рано наесен може да загине при температура од -9 до -10о С, доцна на есен издржува -15 до -17о С, а преку зимата -20 до – 25о С. Добро калените растенија од јачменот издржуваат од -10 до -12о С, а некои многу отпорни сорти издржуваат и -20о С. Овезот е најмалку отпорен од житариците и температурата од -4 до -5 може да биде штетна. За спречување на измрзнување на растенијата, потребно е да се изврши избор на видови и сорти кои ќе можат да ги поднесат ниските температури, сеидба во оптимални рокови, оптимална длабочина на семето и ѓубрење со НПК ѓубриња со правилен однос меѓу елементите. Задушувањето се појавува како последица од висок снежен покрив, создавање на кора од мраз или подолготрајно лежење на вода на површината. Најголеми штети се настануваат кога снегот напаѓа на предходно несмрзната почва, што значи ако пченицата предходно не ја запрела својата вегетација. Тоа доведува до постепено ослабнување на растенијата. Ако високиот снежен покрив подолго време се задржи, дел од растенијата загинуваат, а еден дел толку многу ослабнува што многу лесно страдаат од разни габни заболувања. Задушените растенија ја менуваат бојата во темно кафена. Пченицата може да биде задушена до колку на почвата се оформи кора од мраз. Кората од мраз врши механички притисок на растенијата, предизвикувајќи најразлични повреди, а заедно со ниските температури, според кои кората од мраз не се покажува како добар изолатор, може да нанесат големи штети. Оформената кора од мраз треба да се разрушува со запчести валјаци.

Пченицата може да биде задушена и од подолготрајно лежење на вода. Добро избратената пченица може да издржи под вода нешто подолго време. На такви површини за да се намалат штетите треба благовремено (веднаш по сеидбата) да се направат одводни (отворени) бразди со поврзување на водолежните места до најблискиот одводен канал. Истегнување (кинење) на растенијата е појава која настанува при подигнување на површинскиот слој на почвата, што е како резултат на дневните повисоки и ноќните ниски температури. При мрзнењето на водата во почвата се зголемува волуменот и таа се подигнува дигајќи ги со себе и младите растенија. Во ваква ситуација врската на коренот со почвата е лабава, ладниот воздух е во контакт со коренот и растението повеќе страда од мраз. Оваа појава е почеста кога пченицата се сее на пресноорана и неслегната површина. Во вакви случаеви превентивна мерка е валањето на површината по сеидбата. Како мерка за намалување на последиците од истегнувањето се препорачува пролетно валање на посевот, штом тоа го дозволи влажноста на почвата.

Тагови

Слични написи

6 Comments

  1. Hi there! Do you know if they make any plugins to assist with Search Engine Optimization? I’m
    trying to get my blog to rank for some targeted keywords but I’m not seeing very
    good success. If you know of any please share. Thank you!
    You can read similar text here: Sklep online

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close