fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Од органски отпад до струја, топлина и хумус: „Био ентерпрајз“ е пример за циркуларна економија

Биогасната електрана кај Сарамзалино произведува струја, но од органскиот отпад се добива и топлинска енергија, хумус и органско ѓубре за земјоделството

Најсовремена технологија за производство на чиста енергија, решавање на проблемот со органскиот отпад во дел од државата, и се разбира профитабилно работење. Можеби не по овој редослед, но овие елементи се чини дека се добитна комбинација за биогасната електрана „Био ентерпрајз“, инвестиција на три приватни компании, „Централ инвест“ на Кочо Анѓушев, добро познато име во домашниот бизнис, „Агриа“ на Петар Колевски, најголемиот производител на свинско во земјава и на охридски „АСП-ПАК“, на Петар и Спасе Спасески, која повеќе од две децении произведува амбалажа за земјоделски производи.

До новата биогасна електрана се стигнува за неполн час од центарот на Скопје, прво по автопатот кон Штип, а потоа по магистралниот пат Штип-Велес, во близина на село Сарамзалино, во општина Лозово. Веднаш до патот, опкружена со непрегледни полиња на кои доминира јачменот како култура, се издвојува новата постројка која има инсталирана моќност од 2 мегавати и која може да ги задоволи потребите за електрична енергија на околу 3.500 домаќинства или околу 15 илјади жители. Но, она што ја издвојува од другите енергетски капацитети е што био гасната електрана во исто време нуди решение за најгорливиот проблем во државата – екологијата.

-Зборуваме за 30 илјади тони суви отпади на годишно ниво и околу 15 илјади тони течни отпади. Кога би го немало овој капацитет тој отпад би завршил практично секаде – во природата, во воздух, во Вардар, во другите реки…“, вели Кочо Анѓушев, универзитетски професор и бизнисмен, кој во своето портфолио ја има групацијата „Фероинвест“, фабриката „Брако“, РЕС, мали хидроцентрали и тн.

Биоелектраната практично го апсорбира целиот органски отпад – од житарици, силажа, отпад од свињарски и краварски фарми, отпад од млекарска индустрија, сурутка по правење млеко, расипано млеко, отпад од винарии, комиње, отпад од преработка на градинарски производи, на пример кога се прави ајвар, лушпите, семките…

в

БИОГАСНА ЕЛЕКТРАНА „БИО ЕНТЕРПРАЈЗ“

Локација: с. Сарамзалино, општина Лозово

Инвеститори:

„Централ инвест“ – Кочо Анѓушев

АСП-ПАК – Петар Спасески и Спасе Спасески

„Агриа“ – Петар Колевски

Вредност на инвестиција:  12 милиони евра

Време на градба: 2 години

Почеток на градба: 12.12.2020 година

Завршување со градба: 12.12.2022 година

Инсталиран капацитет:  2 МWр електрична енергија

                                                        2 МWр топлинска енергија

Планирано годишно производство: 16.640 MWh

Годишното производство на електрична енергија е еквивалент на:

-Годишна просечна потрошувачка на 3500 домаќинства

-Заштеда на емисии на СО2 од 16.000 тони

-Шума од 700.000 дрва за апсорбција на штетни гасови

Со топлинската енергија може да се загреваат 6 ха земјоделско земјиште

Производство на 40.000 тони ѓубриво со зголемена концетрација на азот

Извор https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close