fbpx
Вести

Швајцарија со грантови против загадувањето во Струмица

 

shvajcarija so grantovi protiv zagaduvanjeto vo strumica

Триесетина градинари и овоштари од струмичко – радовишкиот регион добија грантови во опрема и репроматеријали од Швајцарската агенција за обнова и развој за примена на агроеколошки мерки со цел да не ја загадуваат реката Струмица. Станува збор за грантови во вкупна вредност од 150 илјади долари со кои земјоделците треба да се ориентираат кон квалитетно и еколошко земјоделско производство.

Воведувањето на агроеколошките мерки ќе придонесе кон зголемување на приносите и намалување на примената на агрохемикалиите и водата за наводнување, со што директно ќе се намалат производствените трошоци, како и влијанието врз животната средина истакнаа од УНДП.

Тагови

Слични написи

Еден коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close