вестиТоп вести

Силно невреме во Србија: Град со големина на орев предизвикал големи штети

Силно невреме попратено со дожд и град со големина на орев го зафатил центарот на Арија и околните села, доцна синоќа.

Патем, невреме вчера ја зафати западна Србија. Град со големина на орев беше забележан во општина Сјеница, каде невремето предизвика штета на покривите на куќите и автомобилите.

Невремето  сериозно ги погоди селата Багашиќ, Горња Вапа и Штав.

„Невремето беше страшно, небото се спушти на земја и тогаш започна градот. Сето тоа траеше околу 15 минути и верувајте ми дека се исплашивме. После ова не останува ништо од жетвата“, рече Жељко Враниќ од Сјеница.

Извор: прес24

Слични написи

Back to top button
Close