fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сите државни пари за тендери оделе кај неколку фирми

Марковски Компани, Стентон градба

АД Електрани на Македонија дури 60 отсто од предвидените пари за јавни набавки во 2023 ги дал кај шест „омилени“ фирми-тендерџии. Ова го покажува објавениот извештај „црвени знамиња“ на Бирото за јавни набавки. Санува збор за несразмерна, или висока концентрација на доделени тендери кај мал број економски оператори, објави https://faktor.mk

ЕСМ парите за тендери ги „сконцентрирал“ најмногу кај Марковски Компани, фирмата која врши ископ и набавува јаглен, каде што отпаднале 35,02 отсто од потрошените средства за договорни услуги. Марковски Компани добил тендери во висина од 53 милиони евра. Преостанатите пет фирми се Спектартермо (13 милиони евра), Ел Те Инженеринг (6,2 милиони евра), Браинкоде (6 милиони евра), Виена Иншуренс (5,7 милиони) и АД Факом (5,35 милиони). За Спектартермо во извештајот пишува дека добил три големи тендери со директно преговарање, односно без објавување на оглас, додека Браинкоде е буквално фирма-фантом за јавноста, откако за прв пат ги доби тендерите за адитиви.

„Концентрации“ со „омилени“ оператори правело и Јавното претпријатие за државни патишта, со 75 проценти од вредноста за јавни набавки кај шест претпријатија, а број еден е ИРД Инженеринг, консултантот за изградба на проектот Коридор 8 и Коридор 10Д, со 27 милиони евра и АД Гранит со 26,5 милиони евра. Дури 48 отсто од вредноста на склучените договори на годишно ниво на ЈПДП се сконцентрирани кај овие две фирми. Понатаму следуваат АД Илинден Струга (12,3 милиони евра), Жикол (8,5 милиони евра), ЕДС (7,8 милиони евра) и Битем (3,8 милиони).

Убедливо „најдобар“ на ова поле е Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони со повеќе од 90 отсто од вредноста на договорените тендери кај само три компании. Тука е битолскиот Стентон со 29 милиони евра за изградба на придружни објекти за фабриките во индустриските зони, Зобек Мининг со 8 милиони евра за подготовка на новите зони и Жикол со околу 3,7 милиони евра.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close