вести

СИТЕ НАВАЛИЈА: Овоштар го реши проблемот со недостиг на работна сила

Дојди- бери – бирај – плати – носи. Без посредник, без данок, без многу прашања, со одмор во природа, по цена за килограм јаболка од една до три куни.

Свен Доротиќ е 26 годишен овоштар од Хрватска кој доби ваква идеја, откако не можел да најде работници.

На огласите не се јавуваат луѓе за берба ни за 3 евра по час, пишува Јутарњи лист.

Иако Доротиќ не измислил топла вода, сепак огласот од минатата среда се покажа ефективен, и многу луѓе се најавиле дека ќе дојдат за да берат јаболка.

„Првите два – три дена се јавија заинтересирани од нашата околина, но сега имаме повици од Загреб, Ријека, кои би дошле  овде да се одморат и да берат јаболка, би преноќиле и би се вратиле дома“ – вели тој.

Овоштарникот го имаат од 1991 година, а тој е проширен во 1996 и 2003 година.

Но, оваа година цените кои се нудат за откуп се смешни.


 

faktor

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close