fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Пролетни температури во февруари-сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Дневната температура ќе се искачи и ќе се движи од 14 па се до 20 степени Целзиусови.

Пролетта пристигна многу порано од вообичаеното.

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Според Управата за хидрометеоролошки работи температурите ќе се движат од под нулата, па се до 20 степени Целзиусови.

Утринските температури ќе се спуштат под нулата, најстудено се очекува да биде во Берово, со температури до минус 6 степени.

Дневната температура ќе се искачи и ќе се движи од 14 па се до 20 степени Целзиусови.

Во Скопје претежно сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура се очекува да достигне 16 степени Целзиусови.

Слично време, со температура необично висока за овој период од годината на очекува и во текот на утрешниот ден.

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Ваквото време, со температури под нулата ќе се задржи и од понеделник. Дневните температури ќе бидат во искачување.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close