вестиТоп вести

Со непосредна спогодба дополнителни 5 години закуп на земјиште, постојните корисници ќе имаат предност

Договорите за закуп на земјоделско земјиште ќе се продолжуваат со непосредна спогодба со закупците што веќе го имаат добиено земјиштето. Оваа можност се дава со измените и дополнувањата на Законот за земјоделско земјиште, кои се во владина процедура. Од Министерството за земјоделство велат дека со измените се решава огромен проблем кој го имаа корисниците на државно земјиште, кои на него имаа посадено долгогодишни земјоделски култури.

333899-objaven-oglas-za-zakup-na-tri-parceli-na-dzhumajlija

“Направени се измени и дополнувања, и тоа во делот на продолжување на договорот за закуп, при што се предлага, по истекот на времетраењето на договорот за закуп, тој да може да се продолжи со непосредна спогодба, најмногу за период до пет години. Ако на закупеното земјоделско земјиште се подигнати долгогодишни насади, договорот се склучува до период на амортизација на долгогодишните насади, односно се додека не истече времето на полната активност на давањето род”, објаснуваат од Министерството за земјоделство.

Според законските измени, предвидено е периодот на амортизација да го утврдува посебна комисија, составена од пет члена. Износот на закупнината која закупецот треба да ја плаќа се утврдува согласно член 23 од Законот за земјоделското земјиште, односно ќе го плаќа повисокиот износ на закупнина.

so neposredna spogodba dopolnitelni 5 godini zakup na zemjishte postojnite korisnici kje imaat prednost

 

Во Министерството за земјоделство велат дека измените на законот морало да се направат со цел да не се оштетат долгогодишните корисници на земјиштето и на сопствениците да им се даде максимално искористување. Според официјалните податоци за периодот од 2006 до 2014 година, Министерство за земјоделство има објавено 67 јавни огласи и 29 јавни повици за доделување земјоделско земјиште во државна сопственост. На нив под закуп на целата територија на земјава доделена е површина од 61.412 хектари земја. Министерството за истиот период има склучено 8.798 договори за закуп.

land-opp

Во ресорот велат дека секој што планира да земе државна нива мора да е регистриран земјоделец или да има фирма, a ако фирмата пропадне или земјоделецот престане да се занимава само со земјоделство, тогаш договорот му се прекинува.

– Ова се прави со цел да се надминат проблемите што го следат овој дел од аграрот каде што често се случува да има неплатена закупнина, подигање едногодишни насади наместо повеќегодишни, немање елаборат и бизнис-план – велат во ресорот.

farm-land

 

Изнајмување до 30 години

Официјалните бројки велат дека од вкупната површина на Македонија, околу 48 отсто припаѓа на земјоделското земјиште или околу 1 милион хектари, од кое околу една третина се смета за обработливо или 521.000 хектари. Државата во своја сопственост поседува околу 20 отсто од обработливото земјоделско земјиште или околу 200.000 хектари.

Земјиштето во државна сопственост се користи за подигање маслинарници за период до 50 години, подигање долгогодишни насади, како лозја, овоштарници, хмељ и оранжерии за период до 30 години. Исто така, се користи за спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години, рибници за период до 20 години, одгледување други земјоделски култури и ливади за период до 15 години.

akademik-225-600x374

Според статистиката, од вкупното обработливо земјиште најголем процент се ораници и бавчи или 424.000 ха, овоштарници 14.000 ха, лозја 22.000 ха и ливади 61.000 ха. Околу 51 отсто или 541.000 ха од вкупното земјоделско земјиште се пасишта.

Во законот се предвидени и парични казни и за оние што имаат склучени договори за закуп, а што не го почитуваат. За нив казните се движат од 1.000 до 100.000 евра за правни и физички лица кои извршиле привремена пренамена за неземјоделски цели.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close