fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Ако се намалат субвенциите!-Ќе се откажеме или од субвенциите или од земјоделството, велат земјоделците

Што ако Владата го реализира планот за намалување на парите за субвенции од буџетот

Земјоделското производство ќе се намали, а на нивите ќе има уште помалку земјоделци ако Владата го реализира планот за намалување на парите за субвенции од буџетот, велат земјоделци и претставници на нивни здруженија, откако министерот за финансии Фатмир Бесими најави дека парите наменети за субвенции во буџетот за следната година ќе бидат намалени во однос на претходната.

Бесими не кажа за колкаво намалување на субвенциите станува збор. Тој образложи дека намалувањето на парите е последица на новиот, реформиран систем на субвенционирање во земјоделството, кое ќе биде засновано на квалитет.

– Годинава имавме највисок износ на реализирани субвенции, а тоа беше резултат на тоа што истовремено се исплаќаа субвенции по стариот и по новиот систем за авансна исплата. Следната година износот ќе биде понизок поради примената на новиот реформиран систем – рече Бесими.

Земјоделците велат дека висината на субвенциите и нивниот начин на субвенционирање, со низа нови критериуми, не ги следат случувањата во земјоделството, каде што трошоците незапирливо растат, а поради климатските промени опаѓа квантитетот и квалитетот на производите, што се одразува и на цената.

– И да не се намалени парите за субвенции, следната година земјоделецот, секако, ќе земе помалку пари како помош од државата. Новиот начин на субвенционирање, кој е расцепкан во неколку фази, носи и дополнителни критериуми, кои дел од земјоделците нема да можат да ги исполнат. Прво се оди со авансно плаќање, кое треба да ги покрие основните трошоци за сеидба или друг вид подготовки во овоштарството, за зелена нафта и слично. Потоа на крајот на производната сезона ќе се земе целиот износ на субвенцијата. А за да се постигне цела субвенција треба да се исполнат низа критериуми, како продажба поткрепена со докази – фактура, одреден квалитет на производот, кои голем број од земјоделците нема да можат да го исполнат па ќе добијат помалку пари за субвенции – вели Љубе Пампулески, претседател на Здружението за овоштарство.

Нè изедоа климатски промени, сега и нова методологија!

Според него, земјоделското производство веќе е под силен притисок на климатските промени поради кои се добиваат помали количини производ и потешко се добива очекуваниот квалитет од актуелните сорти.

– Во домашни, но и во светски рамки, земјоделското производство поради климатските промени секоја година се намалува. За една година е речиси намалено за 10% до 30%. Во некои области и за 50%, а во овоштарството и лозарството и за 65%. Тоа повлекува загуби кај земјоделците поради повисоки трошоци да се одржи одредено ниво на производство и квалитет. Тоа значи помало производство, кое би требало да биде поскапо. Но кај нас е поинаку економските законитости не функционираат. Наместо пораст на цената на домашните јаболка на пример, ние увезуваме од каде ќе стигнеме и ги продаваме по три пати повисока цена од домашните. На пазарот домашните јаболка ги продаваме по 20, 40 или најскапите по 60 денари за килограм, а увезените одат и до 160 денари за килограм. Каде е тука економската логика? И кога ви се вели дека ќе имате ист износ на субвенција или помал, за тоа производство, што ќе правите? Се откажувате од субвенциите или од земјоделството – додава тој.

целиот текст на овој линк https://plusinfo.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close