СО ОДРЖУВАЊЕ НА ДОБРА ХИГИЕНА ПРИ МОЛЗЕЊЕ ДО ПОКВАЛИТЕТНО МЛЕКО

(Oвој напис е објавен на: November 12, 2019)

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ УПОТРЕБА НА СРЕДСТВАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ

Безбедност: Со овие препарати треба внимателно да се ракува и да се спречи контакт на средствата со млекото.

Ефикасност: Средствата за дезинфекција содржат активни материи кои ја гарантираат нивната ефикасност против бактериите. Упатството за примена на овие средства треба внимателно да се прочита и во случај на нејаснотија, не треба да се воздржите од прашување.

Заштита:

  • Овие препарати треба да се чуваат на полица, подалеку од дофат на деца;
  • Внимателна припрема и користење на растворите;
  • Да не се употребуваат производи со поминат рок на траење.

асоки за одржување на хигиена при молзење

Еден од клучните фактори кои влијаат врз квалитетот и приносите на млекото е одржувањето на добра хигиена при молзење на добитокот. Со следење на соодветни процедури за одржување на хигиена, се намалува ризикот од бактериолошки заболувања кои можат да ја намалат млечноста на добитокот, а воедно се намалува и концентрацијата на бактерии во млекото – важен критериум за одредување на неговата класа при продажба. За да обезбедите добри приноси на висококвалитетно млеко, ви препорачуваме да ги следите овие насоки за одржување на хигиена при молзење.

Комплетното и ефикасно чистење на опремата за молзење се одвива во три фази кои понатаму се детално објаснети: 1) предмиење, 2) чистење и дезинфекција, и 3) завршно миење и сушење.

1) ПРЕДМИЕЊЕ

  • Се отстрануваат (некомплетно) повеќето остатоци од лактоза, протеини и дел од бактериите.

  • Подобро е да се изведе со топла вода, отколку со ладна, поради подоброто отстранување на остатоците од млекото, а за опремата да се загрее за понатамошното чистење.

2) ЧИСТЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА (РАКОВОДЕТЕ СЕ ПО ПРОЦЕДУРАТА ПРОПИШАНА ЗА СРЕДСТВОТО ЗА ЧИСТЕЊЕ)

Оваа фаза треба да обезбеди потполна елиминација од остатоците од млеко кои останале од предмиењето, од сите површини кои дошле во допир со млекото. Ова се постигнува со правилна употреба на прикладно средство за дезинфекција. За оваа намена најчесто се употребуваат детергенти или базни и киселински средства за чистење.

Вид на остаток

Активна супстанца во производот

Начин на дејствување

Органски (масти или протеини)

Базно средство

Ги отстранува остатоците од површината

Минерални

Кисело средство (рн>4)

Делување на минералите, формирање на растворливи соли кои лесно се отстрануваат со измивање

Бактериски

Базно средство

Уништyвање на бактериите

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ УПОТРЕБА НА СРЕДСТВАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ

Безбедност: Со овие препарати треба внимателно да се ракува и да се спречи контакт на средствата со млекото.

Ефикасност: Средствата за дезинфекција содржат активни материи кои ја гарантираат нивната ефикасност против бактериите. Упатството за примена на овие средства треба внимателно да се прочита и во случај на нејаснотија, не треба да се воздржите од прашување.

Заштита:

  • Овие препарати треба да се чуваат на полица, подалеку од дофат на деца;
  • Внимателна припрема и користење на растворите;
  • Да не се употребуваат производи со поминат рок на траење.

Средствата за чистење се ефикасни ако се применуваат во правилна концентрација и на соодветна температура.

Овие два услови се најважни за ефикасно чистење. Препорачливо е да се употребуваат само производи на кои постои етикета со името на производителот и спецификација за составот и начинот на употреба. Притоа, водете грижа за спречување на загадување на околината со овие средства.

Дозирање на препаратот

Дозирањето зависи од концентрацијата која ја препорачал производителот и количеството на вода потребна за миење на опремата.

  • Концентрацијата на производот е изразена во % и мора да е истакната на етикетата.

  • На пример, ако препорачаната концентрација е 1%, тогаш 100 милилитри на средството се додаваат на 10 литри вода.

По кој метод се чисти?

Најчесто се употребуваат базни средства со хлор (чисти и дезинфицира) и кисели средства. Фреквенцијата на употребата на киселите средства зависи од тврдината на водата.

  • Мека вода: Употреба на кисело средство еднаш до два пати неделно.

  • Тврда вода: Почеста употреба, а некаде и секојдневна употреба.

Затоплувањето на водата може да биде проблем кај повеќето фарми и затоа некога се случува да се користи поладна вода на крајот на фазата на чистење. Недоволниот капацитет на бојлерот е најчестата причина за недостатокот на топла вода. Затоа, изборот на бојлер за фармата треба да биде раководен од вистинските потреба за топла вода: миењето на опремата, миење на лактофризерот, личната хигиена, припремата на замената за млеко на телињата, итн.

Температура

Ефикасноста на средствата за чистење е условена од температурата при употребата. Најчесто препорачаната температура за базните средства е од 35°С до 65°С. Температурата при завршувањето на процесот на чистење не смее да биде пониска од 35°С.

Механичко чистење

Механичкото чистење се врши со квалитетна четка со цврсти влакна. Потребно е добро триење на опремата за молзење со четка потопена во растворот.

3) ЗАВРШНО МИЕЊЕ И СУШЕЊЕ

Се изведува со ладна вода и служи да се отстранат сите остатоци од средствата за чистење. Количеството на вода при ова треба да биде најмалку иста како онаа за чистење.

За сите фази на чистењето мора да се употребува вода за пиење. Според законот, сите делови од опремата која доаѓа во контакт со млекото мора да се чисти со вода за пиење. Ако се користи вода од бунари мора барем еднаш годишно да се контролира квалитетот, особено во периодите со повеќе врнежи.

Миење на опремата за молзење

Кога

Постапка

како

Веднаш после

секое молзење

1.Надворешно миење –

Отстранување на целата нечисотија од надворешните делови на опремата

  • Пренесување на опремата во просторија или местото за миење
  • Миење под млаз вода на сите надворешните делови на опремата ( ѓумот , црева и цуцлите)
  • Ако степенот на нечистотија е поголем , да се користат и четки за оваа намена
2. Исплакнување – отстранување на сите остатоци од млеко во внатрешните делови од опремата
  • Наполнете кофа од 20 литри со топла вода ( 30 степени)
  • Приклучете ја машината на вакум пумпата
  • Ставете ги цуцлите во кофата и покревајте ги ритмично цуцлите , за да при вшмукувањето на водата , се вшмукува и воздух за да дојде до тутбуленција и подобро миење
  • Откога ќе се вшмука целата вода , се исклучува машината и се отстранува целата вода во одводот.
3. Миење и дезинфекција на внатрешните делови на опремата
  1. Припрема на растворот за миење
  • Наполнете ја кофата со 20 литра жешка вода ( мин 70 степени )
  • Додавање на препорачаната количина на базно средство ( 250 до 400 мл базно средство во )
  • Зависно од присаството на бигор во водата , се препорачува , еднаш до 5 пати неделно да се користи и кисело средство , за отсранување на бигорот . наместо базно средсто се користи кисело 200 до 400мл .а 20 литри
  1. Миење со средството за миење

-поврзување на машината со вакумот

– Ставете ги цуцлите во кофата и покревајте ги ритмично цуцлите , за да при вшмукувањето на водата , се вшмукува и воздух за да дојде до турбуленција и подобро миење

-откога ќе се потроши целата вода , се препорачува повторување уште еднаш со истиот раствор

– после второто миење , се исклучува вакумот на машината

3.Со четка да се истрие површината на ѓумот додека растворот се наоѓа во него.
4. Исплакнување после миењето – за да се отстранат сите остатоци од средството за миење останато во опремата за молзење -Наполнете ја кофата со 20 литри ладна вода

– приклучување на машината на вакумот

  • – Ставете ги цуцлите во кофата и покревајте ги ритмично цуцлите , за да при вшмукувањето на водата , се вшмукува и воздух за да дојде до турбуленција и подобро миење

Откога ќе се вшмука целата вода , се искључува машината и се елиминира целата вода во одводот.

5.Овозможување на добро цедење и сушење на опремата за молзење – поставете ги одвоено сите делови на опремата

– да се постават деловите од опремата за да можат добро да се исцедат и сушат

Два пати неделно Комплетно рачно миење на сите делови на опремата со соодветни четки -во доволно голем сад да се направи раствор со средство за миење , исто како за миење на опремата ,

– се потопуват сите делови од гума , по неколку минути се четкаат со соодветни четки а потоа се плакнат

– се препорачува уотреба на заштитни очила и нараквици

Внимание Најмалку 1 годишно промена на гумените делови на опремата за молзење

Водата со која се мие опремата треба да ги има сите квалитети на водата за пиење

Се препорачува користење на заштитни очила и нараквица при употребата на средствата за чистење