fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Со постоечкиот закон за заштита, Шар Планина уште повеќе ќе се пустоши

44 еколошки организации невладини и иницијативи бараат итна ревизија на постоечкиот закон за прогласување на Шар Планина за Национален парк

 Според нив истиот не нуди заштита од негативното влијание на малите хидроцентрали. Во меѓувреме додека траат административните процедури околу прогласување на Шара за заштитено подрачје, бараат планината да стави под привремена заштита.

-Со усвојување на постоечкиот закон ќе се овозможи изградба на нови хидроцентрали, во услови кога постоечките сериозно го нарушуваат биодиверзитетот на Шара. Со сегашните нормативи за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје, идниот национален парк ќе има најмалку 40 мали хидроцентрали и наместо долготрајна заштита, ќе се обезбеди законска рамка за долготрајно уништување, велат еколошките организации.

Армент Љута од Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка, вели дека веќе се изградени голем број на мали хидроцентрали, а некои од нив допрва ќе се градат во подрачја, за кои се најавува дека ќе бидат строго заштитени.

-Ние претежно планинариме на Шарпланинскиот масив. Хидроцентралите кои се градеа направија пустош во околината. Се отвораа пристапни патишта се сечеше шумата, и ако се продолжи со давање дозволи за изградба на нови хидроцентрали најверојатно истото ќе се случи. Ние сметаме дека дозволите кои се дадени за изградба на хидроцентралите се дадени незаконски. Затоа освен ревизија на постоечкиот Предлог нацрт закон за прогласување на Шара за Национален парк, со кој ќе бараме да не се градат нови хидроцентрали, ќе бараме да се проверат и испитаат претходно дадените дозволи за хидроцентралите кои беа претходно изградени на овој Шарпланински предел, рече Армент Љута Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка.

Од Министерството за животна средина, велат дека деновиве завршиле јавните дебати низ полошките општини, каде бил презентиран Предлог законот за прогласување на Шара за Национален парк.

Велат дека Нацрт предлог законот за прогласување на Шара за Национален парк предвидува и трпи измени. Додаваат дека кај нив се стигнати многу коментари околу законот. Голем дел од нив се спротиставени и затоа треба да се анализираат ,да се види што од тоа е издржано и дали треба нешто да се корегира.
-Дел од коментарите дојдоа во вид на петиција. Претежно се бара да не се градат хидроцентралите. Секоја од овие забелешки ќе бидат обработени. Не е прв пат да добиваме сугестии, ние добивавме и новинарски прашања. Се прави анализа на она што веќе постои, ние јавно ќе кажеме какви се законските процедури и дали хидроцентралите се граделе според законот. Си има нормативи во кои подрачја треба да работаат хидроцентралите, а дел од нив имаат предвидени вафер зони, но за дел од некои хидроцентрали кои се наоѓаат во строго заштитени зони преговараме да не се градат воопшто, истакна Ангелина Јовановиќ советник за комуникација со јавноста во Министерството за животна средина и просторно планирање.
Планина на страната на Косово  прогласена е за национален парк пред 30 години. Ако се заштити и на македонската страна, овој планински предел би преставувал најголем заштитен појас во Југоисточна Европа.
Зоран Димовски

 

Слични написи

Back to top button
Close