Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Сончево и топло – дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени
Во деновите од викендот ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.





