fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Сончево со мала облачност и температура до 29 степени

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, кој на некои места ќе биде со брзина и над 50 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од 5 до 18 Целзиусови степени, а во текот на денот од 18 до 29 Целзиусови степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, кој на некои места ќе биде со брзина и над 50 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од 5 до 18 Целзиусови степени, а во текот на денот од 18 до 29 Целзиусови степени.

Според УХМР, во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Температурата наутро ќе биде 12, а во текот на денот до 27 Целзиусови степени.

И во текот на утрешниот ден, според информациите од УХМР, времето ќе биде наутро свежо, а преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Во Скопје утре ќе биде сончево со слаб променлив ветер. Температурата утре ќе биде од 4 до 19 степени наутро, аво текот на денот од 18 до 29 Целзиусови степени.

Топлото време, со свежи утра и со повремена умерена облачност, според информациите од УХМР, ќе продолжи и во наредните денови, а во четврток се очекува да има делумно зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close