fbpx
ВестиТоп вести

Совети за успешно одгледување на смоквата

Како суптропско овошје, смоквата е осетлива на студено, но успева на секое земјиште. Постојат еднородни и двородни сорти со бели и црни плодови кои се соодветни за употреба во свежа состојба, но и како сушени. Одгледувањето може да биде на повеќе локации: во двор, балкон, градина…

Иако се осетливи на ниските зимски температури, смоквите сепак може да се најдат по дворовите, успевајќи да се одбранат од зимските мразеви. Со нивните свежи плодови кон крајот на летото, посебно се насладуваат децата и возрасните, а може да се сушат и за потрошувачка во текот на зимскиот период.

Постојат неколку работи кои е неопходно да се знаат за смоквата. Таа е осетлива на температурните разлики во рана пролет. Замрзнува во периодот кога хранливите сокови се движат во стеблото, а температурите нагло се спуштаат. Степенот на оштетување зависи од староста и исхранетоста на стеблото, сортата, ѓубрењето…Младите стебла до својата трета – четврта година старост се поосетливи на ниски температури од старите стебла. Исто така, стеблата кои предоцна и обилно се ѓубрат со азот често страдаат од студ.

Разнобојните плодови на смоквата (бели, жолти, виолетови, црни…) созреваат во јули, август и септември, во зависност од тоа дали потекнуваат од еднородни или двородни сорти.

Кога се сади смоква во градината, тоа може да биде изрежан изданок од постаро стебло. За поголема плантажа, потребно е да се набават едногодишни садници произведени од резници на дива смоква, на која се калеми одредена сорта. Посаденета  садница, задолжително треба да се заштити од мразот со замотување со повеќеслијна хартија или слама. После завршувањето на зимата, ако пролетта е сушна – садниците на смоквата потребно е умерено да се залеваат.

Крошната на смоквите се формира, после 4-5 годиниа, на тој начин што, после првата година садниците не се скратуваат, туку се пуштаат да растат слободно, а се отстранува само ако потера странична пупка, со цел садницата повеќе да порасне и зајакне.

Веќе втората година по садењето, садницата може да се скрати, како би можеле од неа да израснат странични гранки. Третата година, доколку се сака обликот да биде како пирамида, повторно се скратува по должина, со цел да се развијат гранки на вториот кат или пак, доколку се сака вазна, тогаш се отстрануванаставката, а се оставаат само три гранки од првиот кат.

Во четвртата година со зелена резидба се отстрануваат сите младици кои им конкурираат на оставените гранки за развој. Тогаш е завршено обликувањето на крошните и следните години само со незначителна резидба во зимскиот и летниот период се одржува зелениот одгледувачки облик.

Напомена: Наесен, веднаш после садењето на садниците, истите треба да се наѓубрат со половина килограм NPK ѓубриво, во кое има повеќе фосфор и калиум. Ѓубривото се расфрла во широк круг околу стеблото и тој простор се прекопува со мотика.

Во втората, третата и четвртата година, количината на ѓубриво се зголемува. Стеблата кои се во род се ѓубрат со 300 грама уреа и околу два килограми NPK.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close