fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

ЃУБРИВАТА ПОСКАПЕЛЕ НАД 50%, СЕМИЊАТА СКОРО 13%! – има ли крај на маките на земјоделците

Поскапување на семињата за 12,9 проценти, додека пак добиточната храна се зголемила за 14,3 отсто. Трошоците во земјоделскиот сектор кои се поврзани со одржувње на опремата се зголемиле за 13,4 проценти.

Продолжува трендот на поскапување на трошоците во земјоделството. Минералните ѓубрива во декември минатата година биле поскапи за дури 52,4 отсто во споредба со истиот месец претходната година. Но, она што го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика вели дека има раст во скоро сите сектори, кај сите импути кои влијаат врз земјоделското производство.

Па така има поскапување на семињата за 12,9 проценти, додека пак добиточната храна се зголемила за 14,3 отсто. Трошоците во земјоделскиот сектор кои се поврзани со одржувње на опремата се зголемиле за 13,4 проценти. Раст статистичарите регистирале и кај трошоците за енергија, горива и мазива за 10,9 отсто.

Воопшто индексот на цените кај аутпутот во земјоделството во декември лани, во споредба со декември 2021 година се зголемил за 13,3 отсто.

Но, податоците на ДЗС покажуваат дека растат и цените на производите кои ги добиваме од земјоделството, па регистриран е и раст на индексот на цените на аутпутот, каде вкупното поскапување достигнало 12,3 отсто на годишно ниво.

Најмногу поспапеле житата и оризот, и тоа за високи 38,9 проценти, но и компирите каде цените се зголемиле за 26 проценти во декември лани споредено со декември 2021 година.

Додека, добиточното производство во период од една година поскапело за дури 23,4 отсто, објави Фактор.мк.

Веќе е познато дека силен поттик за растот на цените на ѓубиравата има војната во Украина, што исто така придонесе и за раст на цените на земјоделските производи, најмногу на житарките во светот, па и кај нас.

Високите цени на ѓубривата ги поскапуваат значително цените на земјоделските производи, а поради недостигот на ѓубрива, но и поради високите цени изминативе месеци многу земјоделци ги намалија количините на ѓубрива кои ги користат во производството, а дел од поснаодливите земјоделци за набавка на ѓубрива патуваат во соседна Србија или соседна Албанија со цел купување поевтини материјали.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close