Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Средба на градоначалникот на Долнени Ибески со полицијата за безбедноста на граѓаните по вчерашното невреме
На средбата беше разговарано во врска со штетите од синоќешните поплави, кои се направени на подрачјето на општина Долнени, за безбедносната состојба на граѓаните по невремето, санација на штетите.
Денеска во општина Долнени се одржа состанок помеѓу градоначалникот на општина Долнени, Урим Ибески, помошник началникот на СВР Битола Африм Шабани, командирот на Полициското одделение Ропотово, Ванеса Колашинац, командирот на Полициската станица Прилеп, Дарко Цуцулески.
На средбата беше разговарано во врска со штетите од синоќешните поплави, кои се направени на подрачјето на општина Долнени, за безбедносната состојба на граѓаните по невремето, санација на штетите. Исто така, на состанокот стана збор и за функционирањето на Локалниот совет за превенција.