Власта и пазарџиите во клинч: Или целосно укинување на законот или генерален штрајк

(Oвој напис е објавен на: February 11, 2019)

Нови протести кај пазарџиите на повидок.

Или целосно ќе се укине законското решение, или оваа категорија граѓани ќе излезат на генерални штрајкови.

Ова станува јасно од последните предупредувања од страна на пазарџиите кои и покрај тоа што надлежните го пролонираа новиот Закон за една година не попуштаат.

Она што го бараат пазарџиите е целосно укинување на законот во спротивно ќе ја блокираат работата на зелените пазари ширум земјава.

Надлежните пак убедуваат дека се информирани за барањата на пазарџиите и дека има согласност меѓу засегнатите страни да се прават консултации.

Можно е пазарџиите до Уставниот суд да побараат преиспитување на уставноста на законот.


 

фактор

Share Button