Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Ловната сезона за диви свињи
Санитарниот лов на диви свињи се спроведува на ловишта каде болеста е веќе потврдена, а ловот се врши групно во присуство на ловочувар, инспектор за ловство и ветеринарен доктор, а застреланиот дивеч треба да биде складиран согласно решението на АФВ за заштитните мерки на ловиштата во однос на африканската чума кај дивите свињи.
Ловната сезона за диви свињи се продолжува од 01.02.2023 до 31.03.2023 година. Како министерство, со цел продолжување на мерките од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на епидемиолошката состојба со болеста Африканска чума кај дивите свињи, одобривме продолжување на лов на дива свиња во ловиштата на територија на Република Северна Македонија, кои се простираат во источниот дел од левата стана на патниот правец (А-1) Е-75, кој се протега од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица.