fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Стигаат првите пријави до инспекторатот за неисплатен К15: Најмногу од Скопје и Штип

До Државниот иснпекторат за труд пристигнале 135 пријави од неисплатени или само делумно исплатени работници.

Последниот рок за исплата на Регрес за годишен одмор (К15) за 2020 година заврши со последниот ден од минатата година, а до почетокот на оваа недела до Државниот иснпекторат за труд пристигнале 135 пријави од неисплатени или само делумно исплатени работници. Од таму велат дека ова е почеток и дека очекуваат жалбите да се зголемуваат во текот на овој месец. До сега, за неисплатен К15 од 2019 се изречени 244 казни за работодавачите, додека за 2020 допрва ќе се работи.

– Државниот инспекторат за труд по завршувањето на законскиот рок за исплата,  на 04.01.2021 година, започна со спроведување на инспекциски надзори кај работодавачите за кои има пристигнато пријави, како на веб страната на ДИТ, така и во Кол центарот и во архивата на инспекторатот. Во тек е прибирањето на податоците од извршените надзори од секој инспектор за оваа недела, и истите ќе бидат јавно објавени преку Соопштение од Државниот инспекторат за труд, ни одговори Јована Тренчевска, директорката на ДИТ.

Во текот на минатиот месец, односно од 01.12.2020 до 31.12.2020 година до инспекторатот има пристигнато вкупно 135 пријави по основ на неисплатен регрес или исплатен регрес во помал износ од предвидениот.

– Од нив најмногу има во Скопје, 71, потоа следуваат Штип со 12, 8 за Кичево, 6 за Прилеп, по 5 за Охрид, Струга и Тетово, 4 за Кавадарци, по 3 за Битола, Куманово и Ресен, по 2 за Струмица и Гостивар и по 1 за Велес, Кочани, Росоман, Пробиштип, Радовиш и Делчево. Од вкупно 135 пријави дури 97 биле поднесени од анонимен подносител, а само 38 од познат подносител. Пријави преку веб страницата на ДИТ и Кол Центарот, пристигнуваат и во првите денови од 2021 година, дополнува Тренчевска.https://faktor.mk/stigaat-prvite-prijavi-do-isnpektoratot-za-neisplaten-k15-najmnogu-do-sega-od-skopje-i-shtip

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close