Сточарите ќе може да конкурираат за државни ниви за производство на сточна храна

(Oвој напис е објавен на: February 24, 2017)

И штипските сточари ќе може да конкурираат за државни ниви за производство на сточна храна. Министерството за земјоделство објави оглас за распределба на 420 хектари државно земјоделско земјиште. До три хектари од предвидените 79 ќе може да аплицираат само оние кои првпат се пријавуваат да добијат државно земјиште.

stocharite kje mozhe da konkuriraat za drzhavni nivi za proizvodstvo na stochna hrana
За земјиште повеќе од три хектари ќе се конкурира на огласени 341 хектар.

За одгледувачите на добиток, производството на сопствена сточна храна значи намалување на трошоците за набавка. Од друга страна тоа ќе значи зголемување на производството и стадата што ги одгледуваат.

Државата за одгледување на земјоделски култури за производство на сточна храна на сточна храна огласи повеќе од 1.600 хектари. Во источниот регион околу илјада. Најмногу земјиште под закуп ќе се даде во овчеполието и реонот на штипско. Право на учество на огласот за распределба на државно земјоделско земјиште со површина до 3 хектари имаат лицата кои немаат склучено важечки договори за закуп со Министерството за земјоделство. Договорите кои ќе се склучат за производство на фуражни и индустриски култури се за период од 15 години.

Share Button