fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа-производителите на жито ќе бидат заштитени со добри договорни односи меѓу самите производители и откупувачите

Верувам дека ќе има задоволителна цена од двете страни

На новинарско прашање дали производителите на пченица  ќе бидат заштитени во однос на цената, министерот за земјоделие Арјанит Хоџа денес во Битола изјави дека – апсолутно да, но не се впушти во лицитација со цени.

-Јас ќе бидам во постојана комуникација, како што сум со другите подсекторски групи цело време и мислам ќе успееме да обезбедиме добар однос меѓу производители и откупувачите. Не би можел да кажувам цена, бидејќи тоа е ствар на договор, слобода на пазарот, но верувам дека ќе има задоволителна цена од двете страни, рече Хоџа.

Хоџа вели дека годинава податоците се охрабрувачки, позитивни и мотивирачки, бидејќи имаме за 7 проценти повеќе површини под житни култури, за разлика од 2020 година.

-Знаеме дека се уште минуваме во една глобална криза, јас сум повеќе од оптимист, бидејќи се покажа потребата од храна. Ова година ќе биде плодна година, ќе има и добри цени во делот на откупот, секако и добри договорни односи меѓу самите производители и откупувачите, рече министерот.

Што се однесува до цените на светските берзи на житото тие растат, рече Хоџа и повтори дека уцени од мелничарите нема да прифати кон државата и дека веќе има поместување на нивните ставови.

-Следната недела ние ќе имаме состанок. Цените на житото на берзата на светско и регионално ниво растат, тоа и тука треба да биде тренд. И тука самите производители да ги добијат тие и слични цени. Што и да преземаме ние како држава и Министерство во делот на субвенционирање, тоа не треба да се сфати за намалување на цената од страна на мелничарите кон земјоделците. Треба да бидеме што поконкурентни на самиот пазар во регионот, но и пошироко, но нема да дозволам за било која субвенција што ќе се дава во државата тоа индиректно да се рефлектира во намалување на цената на житото, посебно на пченицата, порача министерот Хоџа кој денска присуствуваше на почетокот на жетвата на парцелите на ЗК Пелагонија.

А.Блажевска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close