вестиТоп вести

Сушата ги забави  активностите во есенската сеидба

 

Сушата проблем број еден за успешна реализација на есенската сеидба.

Неодамнешните дождови не се доволни да ја подобрат состојбата, за непречено одвивање  на есенската сеидба,велат земјоделците. Количините на воден талог што наврнаа во претходниот период не се доволни за да може да се ора земјата .

„Уште не сум почнал со сеидба. Суша е . Чекаме дожд оти не може да се ора земјата, вели Тони Жежовски од с.Трн, битолско. Слична е состојбата и во другите села во Битолска Пелагонија“додава Тој.

На некои места каде што има повеќе влага сеидбата е во тек, но тие се многу мали површини. Во последните години заради сушата не може да се запазат оптималните рокови за сеидба.

Ваквата состојба им оди во прилог на земјоделците што уште ја немаат ожнеано пченката во зрно, заради запазување на плодоредот.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close