fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Лебот, млекото, месото и јајцата поскапеле над 30 отсто, кафето и слатките само 20 проценти

Бројките кои ги објавува Државниот завод за статистика говорат дека во период од една година најмногу поскапел лебот, од други 40 отсто. Потоа следува месото кое поскапело 30 проценти, а нешто повеќе или 36 отсто млекото, сирењето и јајцата. Маслата покапеле 20 отсто, а раст забележаа и слатките продуките, и тоа за високи 18 проценти.

Цените на прехрамбените производи вртоглаво пораснаа. Трошоците на граѓаните за основни продукти драстично се зголемија. Бројките говорат дека во период од една година цените на сите производи во малопродажба се зголемиле. Граѓаните честопати коментираат оти денеска за истите продукти даваат двојно повеќе пари, отколку пред една година, анализира Фактор.

Ударот врз џебот на граѓаните започна веднаш по воениот конфликт во Украина со растот на цените на маслото. Но, тука не запре „јуришот“, бидејќи во следните месеци посапеа сите производи. Иако лани сончогледовото масло имаше најголемо поскапување, неговата цена постептено се намали, но потоа поскапеа сите хранливи продукти. Од брашното, преку тестенините и лебот, се до јајцата, месото, кафето, шеќерот, оризот, гравот и останатите земјоделски култури.

Бројките кои ги објавува Државниот завод за статистика говорат дека во период од една година најмногу поскапел лебот, од други 40 отсто. Потоа следува месото кое поскапело 30 проценти, а нешто повеќе или 36 отсто млекото, сирењето и јајцата. Маслата покапеле 20 отсто, а раст забележаа и слатките продуките, и тоа за високи 18 проценти.

Растот на цените предизвика бурни реакции меѓу граѓаните кои незадоволството го искажуваат секојденовно преку постови и коментари на социјалните мрежи.

Последниве месеци значително поскапеа и другите задоволства, па кај кафето, кое руши рекорди има раст од 20 отсто на цените, што како и лебо предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

–  Кај глобалните цени на храната, дури е евидентно намалување во подолг период, меѓутоа тоа сеуште не е доволно отсликано во домашната економија, дел поради компензирањето со цените на енергијата, што требаше да се адресира со фиксирањето на цената на струјата за прехранбената индустрија, дел поради кумулирани залихи, но и дел поради пазарните односи во одредени сегменти од производството на храна– објаснува професорот Марјан Петрески.

Но, податоците говорат дека нашата земја има меѓу најависоките стапки на раст на трошоците на живот. Годишната инфлација во еврозоната падна на 8,6 отсто во јануари од 9,2 отсто во декември. Во јануари минатата година годишната инфлација изнесуваше 5,1 отсто.Истовремено, годишната инфлација во Европската Унија изнесуваше 10 отсто, што е мало забавување од декемвриските 10,4 отсто, објави статистичка агенција на ЕУ, Евростат, што го поставува прашањето зошто кај нас има толку високи стапки на инфлацијата и како да се зауздаат.

Во продолжение детална листа од ценовните разлики на дел од најкористените продукти во малопродажба во месец јануари годинава и претходните две години.https://faktor.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close