fbpx
Без категоријаМакедонија

Владата одлучи да се воведе полициски час од 22 до 5 часот во следните две недели

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека анализите на Комисијата покажале дека поради непочитување на мерките се очекуваат нови случаи на заразени, но и зголемен број на хоспитализирани.

Од утре во 22 часот започнува полицискиот час, кој ќе трае до 05 часот наутро. Ваквата олука на владата се однесува на периодот од 10 до 22 март годинава.

Владата донесе одлука да се воведе полициски час, потврдија за МИА од владината прес-служба. Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за заразни болести поради зголемениот број на новозаболени и хоспитализирани лица од Ковид -19.

Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час да важи од 22 часот навечер до 5 часот наутро во период од две недели, колку еден епидемиолошки циклус. Мислење на Комисијата е дека оваа рестриктивна мерка ќе даде резултати.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека анализите на Комисијата покажале дека поради непочитување на мерките се очекуваат нови случаи на заразени, но и зголемен број на хоспитализирани.

– Инциденцата најмногу е зголемена во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Охрид. Тоа се реперкуира на начин што има зголемен прилив на пациенти во болниците. Во Кавадарци е целосно исполнето Инфективното и дополнителните одделенија и почна да работи и модуларната болница. Исто е во Прилеп, а во Скопје секојдневно има се поголем број случаи кои бараат хоспитализација и затоа во функција се врати модуларната болница до Инфективната клиника и повторно се спремни сега сите интерни клиники, изјави Филипче.

Денеска, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, запрашан дали полицискиот час ќе ги даде очекуваните резултати, рече дека иако рестриктивните мерки не се популарни, сепак се неопходни за да се сочува јавното здравје.

– Подобро е пократко време да имаме рестриктивни мерки, отколку да имаме целосно оптоварување на здравствениот систем, изјави Спасовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close