Потврден договорот помеѓу ЕУ и САД за увоз на говедско месо без хормони

Потврден договорот помеѓу ЕУ и САД за увоз на говедско месо без хормони

  Наскоро следува решавање на долготрајниот спор во рамките на Светската трговска организација ( World Trade Organization WTO). Имено, Европската унија и САД наскоро ќе потпишат договор за преиспитување на функционирањето на постоечкиот трговски договор со кој се осигурува автономна царинска квота за увоз на висококвалитетно гведско месо во ЕУ. Со овој договор на САД им се доделува удел во царинската квота за говедско месо со висок квалитет од таканаречениот Меморандум за разбирање во врска…

Повеќе...

Дали знаете дека 2/3 од овошните плантажи во ЕУ се наоѓаат во три земји?

Дали знаете дека 2/3 од овошните плантажи во ЕУ се наоѓаат во три земји?

1,3 милиони хектари земјиште во Европската унија, во 2017 година, се наоѓало под овоштарници. Кое овошје најмногу се произведувало? Податоците на Еуростат покажуваат дека, нешто повеќе од една третина од вкупниот износ отпаѓа на јаболка (473.500 хектари, 37%), а вората петтина на портокали (255.500 хектари, 20%).   Од остатокот, насадите со праска опфаќаат 190.500 хектари (15%), ситните агруми со мандарини и клементини покривале 139.600 хектари (11%), круши 100.400 хектари (8%), кајсии 75.700 хектари (6%) и…

Повеќе...

Малите општини и перспективите за ЕУ

Малите општини и перспективите за ЕУ

Во изминативе 19 месеци во 9 земји низ Европа се спроведуваше проектот “Малите општини против евроскептицизмот” во кој свое активно учество како проектен партнер зеде Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР Кривогаштани. Водечкиот партнер ЛАГ Призаг Хрватска во партнерство со 8 држави од Европа, со финансиска поддршка од програмата “Европа за граѓаните”, го истражуваа јавното мислење за евроскептицизмот во малите општини и руралните средини. Преку 6 одржани меѓународни настани во Хрватска, Португалија, Романија, Македонија, Словенија и…

Повеќе...

Полско расипано месо откриено во уште две земји на ЕУ

Полско расипано месо откриено во уште две земји на ЕУ

Грција и Чешка се последните земји во кои е пронајдено увезено расипано месо од полска касапница, јави дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја потврди Европската комисија по почетокот на истрагата вчера во Полска. Европските инспектори работат заедно со нивните полски колеги откако изби скандалот со расипано говедско месо увезено во петнаесет земји на Унијата: Грција, Чешка, Германија, Шпанија, Естонија, Финска, Унгарија, Литванија, Летонија, Португалија, Романија, Шведска и Словачка. Европската комисија не одговори колкаво вкупно…

Повеќе...

ЕУ: Потребно е зголемување на бројот на жени кои се носители на сопственоста на имотот

ЕУ: Потребно е зголемување на бројот на жени кои се носители на сопственоста на имотот

Само 30 % жени во Европската унија имаат статус на сопственици на земјоделскиот имот. На предлог на новата Заедничка земјоделска политика, претставниците во Европскиот парламент, до Одборот за земјоделие и рурален развој, поднеле вкупно 7000 амандмани. Многу од нив се однесуваат на унапредување на статусот на младите и жените, одржливо управување со шумите и биомасата, поттик за пчеларскиот сектор. Се нагласува дека, само 30% жени имаат статус на сопственици на земјоделското стопанство, а бил ставен…

Повеќе...

СТРАТЕГИИ НА ЕУ ЗА РАЗВОЈ НА СЕЛСКИТЕ РЕОНИ ВО ЕВРОПА

СТРАТЕГИИ НА ЕУ ЗА РАЗВОЈ НА СЕЛСКИТЕ РЕОНИ ВО ЕВРОПА

Една од основните цели на политиката на ЕУ за развој на селските реони во Европа е заживувањето и заздравувањето на селската економија. За таа цел треба да се искористат нови модерни форми на производство и развој, кои за да се обединат со наследството од капацитети, кутури, знаења и умеења. Во секој селски реон точните решенија ќе зависат од локалното население, од локалните или регионални производи, пазари и можности. Така што стратегиите за развој на селските…

Повеќе...

ЕУ секој ден губи 275 хектари земјоделско земјиште?!

ЕУ секој ден губи 275 хектари земјоделско земјиште?!

  На европско ниво, Заедничката земјоделска политика воспоставила различни инструменти за промоција на одржливо користење на земјиштето, со цел намалување на оваа загрижувачка статистика, а поради фактот што квалитетното земјиште е од витална важност за иднината на храната, земјоделците имаат улога на „чувари на земјиштето“. Се проценува дека во Европската унија, секој ден се „уништуваат“ 275 хектари земјоделско земјиште! Голем дел од светското земјиште е на задоволително, лошо или исклучително лошо ниво. Квалитетното земјиште е…

Повеќе...

Грант од ЕУ за развој на авантуристички туризам на Пониква

Грант од ЕУ за развој на авантуристички туризам на Пониква

Локалната самоуправа на Кочани обезбеди над 30,5 милиони денари за реализација на проектот „Планински велосипедски рај“ што ќе се реализира на Осоговските Планини. Станува збор за проширување на туристичкиот потенцијал и за создавање услови за развој на авантуристичкиот туризам, како дел од вториот повик за инвестиции во инфраструктурата поврзана со туризмот на Единицата за спроведување на проектот „Локална и регионална конкурентност“, финансиран од грант од Европската Унија. -Целта на проектот „Планински велосипедски рај“ е да…

Повеќе...

Поради увоз на овошје од ЕУ и продавање во Русија под истрага 80 луѓе во Србија

Поради увоз на овошје од ЕУ и продавање во Русија под истрага 80 луѓе во Србија

Српската полиција уапси 36 луѓе од кои 12 остануваат во притвор заради соменвање дека учествувале во забранет реекспорт на земјоделски производи од Европската унија во Русија. Во соопштение на Обвинителството се нагласува дека за тој случај се поднесени 80 кривични пријави. „Поради тоа е покрената истрага против сите 80 луѓе осомничени за учествување во недозволен реекспорт на земјоделски производи како и за перење пари“. Од 36 уапсени по сослушување предложен е притвор за 12 луѓе…

Повеќе...

Големите фарми во ЕУ обработуваат повеќе од половина земјоделско земјиште

Големите фарми во ЕУ обработуваат повеќе од половина земјоделско земјиште

Неколку повеќе од 171 милиони хектари земјиште во Европската унија (ЕУ) беа искористени за земјоделско производство во 2016-та година, или околу 40% од вкупната површина на ЕУ. Овие земји поддржуваат 10,3 милиони фарми. Иако бројни, повеќето фарми во ЕУ се мали, а две третини обработуваат помалку од 5 хектари земјиште. Во исто време, 3% од фармите се со над 100 хектари и обработуваат повеќе од половина од земјоделското земјиште. Само 11% од сопствениците на фарми…

Повеќе...

Извозот на земјоделски производи од ЕУ во Русија порасна во последните месеци

Извозот на земјоделски производи од ЕУ во Русија порасна во последните месеци

Помеѓу мај 2017-та и април 2018-та година, извозот на земјоделски производи од ЕУ во Русија се зголеми за 10% и покрај ембаргото на Москва. Ова се најновите податоци од Европската комисија. Во извештајот се гледа дека во монетарна смисла ова претставува зголемување од 601 милиони евра на годишна основа, што е и едно од најважните зголемувања објавени од статистиката. Зголемувањето од 750 милиони евра (4%) е поврзано со извозот на земјоделски производи од ЕУ во…

Повеќе...

ЕУ дава 2 милиони евра за постојните и за создавање нови земјоделски задруги

ЕУ дава 2 милиони евра за постојните и за создавање нови земјоделски задруги

Задругарите бараат измени во законот за подобри услови за работа во новите задруги. Пример се даноците кои за нив се двојно поголеми од другите земјоделци и наместо 10 подлежат на 20 процентно оданочување. Зголемувањето на пазарната конкурентност и на соработката меѓу земјоделците во Македонија, преку создавање поволни услови за развој на постојните и создавање нови земјоделски задруги ќе се поддржува со 2 милиона евра од Европската унија. Целта е со 20 нови грантови да се…

Повеќе...

Велика Британија произведе 9 од секои 10 шишиња виски во ЕУ во 2016-та

Велика Британија произведе 9 од секои 10 шишиња виски во ЕУ во 2016-та

Во 2016-та година во Европската унија беа произведени 630 милиони литри чист алкохол, со цел да дестилација на виски. Ова е 90 милиони литри помалку од 2015-та година и 170 милиони литри помалку од максимумот на производството во 2012-та година, објави „Евростат“. По глава на жител во 2016-та година, има нешто над 1,2 литри чист алкохол, а во монетарна смисла, производството достигнува 4,4 милијарди евра. Велика Британија доминира на пазарот Со продукција од над 3,7…

Повеќе...

Речиси 40 проценти од територијата на ЕУ е покриена со шуми

Речиси 40 проценти од територијата на ЕУ е покриена со шуми

Шумите и шумски земјишта покриваат 182 милиони хектари во земјите од Европската унија (ЕУ) или 42% од нивната вкупна површина, покажуваат податоците на „Евростат“. По глава на жител во заедницата се 0,36 хектари шума. Со најголема шумската област се Шведска (30 милиони хектари), Финска (24 милиони) и Шпанија (27 милиони). Според уделот на шумите во вкупната површина на земјата, повеќето пошумени земји се Финска (71%) и Шведска (67%). Потоа следат Словенија (64%), Естонија (58%) и…

Повеќе...

ЕУ привремено го запира механизмот за купување на млеко во прав

ЕУ привремено го запира механизмот за купување на млеко во прав

Европската унија (ЕУ) одлучи да го стопира привремено механизмот за откуп на млеко во прав во позадина на наталожените од Брисел веќе 400.000 тони од суровината. Учесниците во министерскиот состанок на Советот на ЕУ за земјоделство и рибарство одлучија денес да престанат со системот за годишен максимум за автоматски откуп, познат како „осигурителна мрежа“ за пазарот. Според овој механизам на први март од секоја година започнува т.н. период за интервенција во кој производителите можат да…

Повеќе...

На пазарите во Македонија ќе нема фискализација се до влезот во ЕУ

На пазарите во Македонија ќе нема фискализација се до влезот во ЕУ

На пазарите во Македонија ќе нема фискализација се до влез на државата во ЕУ, а регистрацијата на фирма нема да биде преку Централен регистар туку со лиценци кои ќе ги издава Комората на трговци. Ова се предвидува со новиот Закон за трговија на зелените пазари, кој беше донесен на 11 овој месец во рамки на 13 седница на Собранието на Република Македонија. Изгласан е нов закон за пазарџии кој штом биде објавен во Службен весник…

Повеќе...

Хрватска и Бугарија имаат најлош стандард во ЕУ

Хрватска и Бугарија имаат најлош стандард во ЕУ

Хрватска и Бугарија се единствените членки на ЕУ каде што куповната моќ на граѓаните е за 40 отсто пониска од просечната куповна моќ во ЕУ. Паритетот на куповната моќ во Хрватска веќе три години се држи на 59 отсто од просекот во ЕУ, Бугарија се зголеми на 53 отсто, додека Романија ја престигна Хрватска за два проценти и нејзината куповна моќ е 61 отсто од просекот. Во три години најголемо поместување на куповната моќ е…

Повеќе...

МЗШВ и ЕУ ќе ги договараат деталите за анализа на субвенциите

МЗШВ и ЕУ ќе ги договараат деталите за анализа на субвенциите

– Со Делегацијата на ЕУ и Светска банка е договорена длабинска анализа на влијанието на субвенциите што ќе служи за креирање на следните политики. Изминатите неколку месеци тоа го издискутиравме, го побаравме и го добивме. Верувам дека сите сили ќе бидат насочени да добиеме таква длабинска анализа. Станува збор за две анализи: на самото МЗШВ и на влијанието на субвенциите, рече Николовски.

Повеќе...

Обуки за примена на постапката за окрупнување на земјоделското земјиште

Обуки за примена на постапката за окрупнување на земјоделското земјиште

Обуки за консолидација на земјоделското земјиште се најавени и за 27 и 30 октомври во Прилеп и во Штип за подрачните единици на МЗШВ и советниците од АПРЗ во соодветните региони. Обучените вработени во МЗШВ и АПРЗ ќе бидат вклучени во кампања за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште која ќе се спроведува следниот месец.

Повеќе...

ЕУ побара од Бразил доброволно да го запре извозот на месо за нејзините членки

ЕУ побара од Бразил доброволно да го запре извозот на месо за нејзините членки

Европската унија побара од Бразил доброволно да го запре извозот на месо кон 28-те земји-членки, за да се избегне воведувањето забрана, која потоа ќе одземе време да биде укината. Бразилската Влада сепак не се согласила со тоа барање, соопштија вчера европски дипломати во главниот град на Бразил, Бразилија. На 17 март бразилската федерална полиција уапси над 30 лица, кои учествувале во масовна криминална група, која продавала прехранбени продукти со поминат рок,  најмногу месо. Цел на…

Повеќе...

ЕУ годишно произведува овошје и зеленчук вредни 47 милијарди евра

ЕУ годишно произведува овошје и зеленчук вредни 47 милијарди евра

Секоја година земјоделците во Европската унија (ЕУ) произведуваат овошје и зеленчук во вредност од околу 47 милијарди евра годишно. Тоа е запишано во соопштението на Европската комисија (ЕК) во врска со поедноставување на правилата за секторот кои беа претходно одобрени претходно. Фармите во кои се произведуваат овошје и зеленчук, се 3,4 милиони, што е околу една третина од сите фарми во заедницата. Според податоците на ЕК постојат кон 1,5 илјади организации на производители, кои опфаќаат…

Повеќе...
1 2